Македонија

Николоски: Опозициските партии сакаат да ни се приклучат бидејќи препознаваат резултати

Политичката сцена во Македонија е во знак на стабилност на владејачката коалиција

Политичката сцена во Македонија е во знак на стабилност на владејачката коалиција, но и на зголемен интерес од опозициските субјекти за влез во извршната власт. Ова го истакна вицепремиерот Александар Николоски во интервјуто за „Ноќно студио“ на 4TV.mk, осврнувајќи се на најавената реконструкција на Владата и регионалните предизвици.

Николоски потенцираше дека премиерот Христијан Мицкоски веќе прави детална анализа на досегашната работа на сите ресори, што ќе биде основа за претстојната реконструкција, објави 4news.mk

-Најголем дел од оние кои се во опозиција, особено од албанскиот блок, имаат желба да се приклучат на Владата. Тоа е најдобар доказ дека работиме добро и дека политичките партии препознаваат оти преку учество во оваа структура можат да добијат поголема поддршка кај граѓаните. Сепак, ние имаме наше стратешко партнерство со ВЛЕН и ЗНАМ на кое остануваме доследни, изјави Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Еден од најголемите случаи во поновата историја на Македонија сѐ уште без одговор: кој стоел зад атентатот врз Глигоров на 3.10.1996?

Пред 31 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

To top