Македонија

Николоски: „Пошта“ ќе добие 100 возила, наша цел е таа да расте и напредува

Николоски нагласи дека, секој треба да биде свесен дека како Влада имаат задача и крајна цел да го заштитат државниот капитал

Идниот месец „Македонска пошта“ ќе добие 100 возила како донација од Владата со кои ќе се подобрат условите за работа. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во обраќањето на 24-тиот јавен состанок на Агенцијата за пошти, истакна дека 90 ќе бидат помали комби возила, а 10 големи комби возила.

Николоски нагласи дека, секој треба да биде свесен дека како Влада имаат задача и крајна цел да го заштитат државниот капитал.

Во таа насока, Николоски најави законски измени и консултации со сите учесници на овој пазар, кои се во тек. Целта е да се подобрат условите за работа во „Македонска пошта“, да се подигне нивото на услуги кон граѓаните, но и да има раст и напредок на државната компанија.

-Многу е лесно да се земе делот од пазарот кој е профитабилен и кој одговара, а „Македонска пошта“ да има општествена одговорност, да писмото кое го праќам го однесе во услови кога никој друг тоа не го прави. Тоа е нешто за што ќе разговараме во наредниот период, затоа што не може состојбата да остане вака. Или сите подеднакво ќе го носат товарот, или ќе носиме други одлуки затоа што мојата намера е да се издигне „Пошта“, а не да пропаѓа, вели вицепремиерот.

Министерство за транспорт

Агенцијата за пошти, рече тој, има клучна улога во регулацијата во квалитетот на пазарот на поштенски услуги, каде обезбедува заштита на конкуренција и права на корисниците.

-Во моментов на пазарот работат 29 правни лица што значи дека се работи за пазар кој е конкурентен. Во постојниот закон се имплементирани сите директиви на Европската Унија со што Македонија во континуитет ја следи европската пракса за регулација на поштенскиот пазар на услуги, што мора да признаам, понекогаш создава сериозни главоболки, имајќи предвид дека ние сме Влада која сака да го штити државниот капитал и сака државните компании да напредуваат, истакна Николоски.

Тој најави дека ќе работат во насока на подобрување на ефикасноста на услугите со намалување на трошоците до 15 проценти, како и подобрување на индикаторите за профитабилност до 15 проценти.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top