Македонија

(Фото): Скопската Противпожарната бригада доби ново специјално возило

Град Скопје ја модернизира Противпожарната бригада со ново специјално навално противпожарно возило од производителот MAN, наменето за гасење пожари во урбана средина и технички интервенции.

Град Скопје ја модернизира Противпожарната бригада со ново специјално навално противпожарно возило од производителот MAN, наменето за гасење пожари во урбана средина и технички интервенции. Возилото располага со цистерна од 6.000 литри, пумпа со нормален и висок притисок, витло од 60 метри и современа противпожарна опрема, вклучително и монитор-млазница со далечинска контрола за пожари со висок интензитет.

  • Во мојата визија за Скопје, модернизацијата на Противпожарната бригада која години е запоставена, е еден од важните приоритети. Нашите пожарникари се тивките херои на градот, луѓе кои не прашуваат кога е тешко, туку први влегуваат таму од каде што е најкритично. Тие заслужуваат современа опрема, подобри услови за работа и силна институционална поддршка. Затоа, следува сериозен влог во нивната безбедност, подготвеност и ефикасност, затоа што секое ново возило, секој нов капацитет и секоја подобра алатка значат поголема заштита за животите, домовите и имотот на скопјани, вели скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Од Град Скопје посочуваат дека оваа вредна донација од општествено одговорна компанија значително ќе ги зајакне капацитетите на скопските пожарникари за брза, ефикасна и професионална интервенција на терен. Воедно, најавуваат продолжување на инвестициите во модернизација на Противпожарната бригада, со цел поголема безбедност и подобра заштита на граѓаните и нивниот имот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски за оставката на Фетаи: Утре ќе биде архивирана, се заблагодарува на работата во Владата

-Jас неколку пати во минатото зборував дека ние разговаравме. Господинот Фетаи поднесе оставка денеска, таа ќе биде архивирана утре. Така што, како што знаете, во јуни не очекува реконструкција на Владата, и ќе видиме ќе разговараме со нашите коалициони партнери во рамките на Владата, рече Мицкоски

Антонио Кошта доаѓа во посета на Скопје, ќе се разговара за повеќе теми, но и за спорот со Бугарија

Македонската влада утре ќе го пречека Антонио Кошта со отворениот спор со Бугарија. Првиот човек на МНР Тимчо Муцунски – вели дека претседателот на Европскиот совет имал повеќе обиди за постигнување на решение. Во таа насока ќе продолжи и утрешната средба со Кошта.

Неофицијално: Ова се млекарите кај кои се откриени големи отстапувања од декларациите

Голем дел од млечните производи кои се продаваат на домашниот пазар покажуваат значителни отстапувања во составот во споредба со она што е декларирано на пакувањата, покажуваат неофицијални резултати од лабораториски анализи.

Нa меѓународниот ден на детото, ученици пред собранието со настап против насилство во училиштата

На Меѓународниот ден на детето, 1 Јуни, пред Собранието на Македонија се одржа изведба на социјален танц театар на тема насилството во училиштата, подготвен и изведен од ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар, во организација на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ – Програма за мировно образование.

To top