Македонија

Николоски: СДСМ во очај води црна кампања, ќе доживеат историски најголем пораз

Поцрна кампања скоро и да не сме виделе.  Во таа црна кампања на очај, немаат што да кажат за Владата, министрите, ВМРО-ДПМНЕ, па почнаа да измислуваат

Тука работата ќе заврши уште во првиот круг, ќе славиме голема победа за градоначалник и голема победа за мнозинство во совет, порача од Ново Село потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој искоментира одредени изјави кои деновиве доаѓаат од страна на нивниот политички противник – опозицијата.

-Имајќи предвид дека се крајно очајни, дека се свесни дека ова ќе биде историски најголем пораз кој што им се случил како СДСМ, ги фати паника уште пред да почне кампањата и водат црна кампања уште од првиот ден. Поцрна кампања скоро и да не сме виделе.  Во таа црна кампања на очај, немаат што да кажат за Владата, министрите, ВМРО-ДПМНЕ, па почнаа да измислуваат. Така, Венко Филипче нашол договор во Железница, на цена од 45.000 евра, а тие сумата не ја кажуваат, Венко толку троши за јахтата за 5 дена, па велат тоа шт го правеле тие било добро затоа што и ВМРО-ДПМНЕ со истата компанија потпишала договор. Се фатија за Железница која ја оставија минатата година опустошена, преку 3000 луѓе беа без плата, имавме нула функционални локомотиви и патнички возови. Денес имаме нормализиран сообраќај и се бориме за подобро, рече Николоски.

Николоски зборуваше како Филипче и понатаму се фали дека е во комуникација со Артан Груби, а се фали и дека е голем пријател на Зоран Заев. Според него обвинителството треба да истражи како лидер на опозиција е во комуникација со бегалец од правдата. Николоски посочи дека зборувањата на Филипче за договор што направила Железница се смешни, бидејќи двете претпијатија од Железници ги оставија уништени, а вработените без плата.

,,Венко Филипче вчера, нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, внимавајте сумата не ја кажуваат, затоа што 45 илјади евра, Венко за јахтата троши отприлика за 5 дена, ако прави подолга дестинација или побрзо ја вози за 3 отприлика одат само за бензин“, кажа Николоски и додаде:

„Истиот тој случајно, или не се фали дека е голем пријател на Зоран Заев и еден од ретките којшто комуницира со Артан Груби. Па ако не истражуваат за начинот на којшто работеле во минатото, еве од обвинителството, нека истражат како е тој човек во комуникација со бегалец од правдата. Мислам дека час поскоро, минута поскоро после ова што го кажувам треба да го повикаат, барем на разговор во обвинителството, затоа што помагање на бегство е исто така кривично дело“.

Николоски се осврна и на периодот кога Венко Филипче беше министер за здравство. Според него, СДС комплетно го уништи здравствениот систем во земјата, и го доведе целосно во колапс, притоа злоупотребувајќи ја ковид кризата, за свои лични финансиски интереси.

„Целосно го уништија здравството, здравство кое што беше целосно во колапс и на колена. Ја злоупотребија најголемата криза, корона кризата. Кога луѓе умираа секој ден за да вршат набавка на вакцини по три пати поскапи цени преку компанија за јужно овошје, наречена Стабри од Хонг Конг. Купуваа заштитна опрема по 10 пати повисока цена од она што беше реално. И последни, последни во цел регион обезбедија заштита на народот, мораше да чекаме донации од соседни држави за да почне народот да се спасува“, вели Николоски.

Како што вели тој, СДС ја опустоши целата држава, а со цел да се заштитат самите правеа национални предавства. Тој повика и на масовна излезеност на претстојните локални избори, со цел конечно да се стави крај на бандата на СДС.

,,Се работи за најголемата криминална банда воопшто видена во македонската политика. Се работи за луѓе кои што ја опустошија цела држава, а за да се заштитат себе правеа национални предавства. И затоа ни е потребна една голема мобилизација на овие избори. Масовно да се излезе на 19 октомври, да гласаме за број 9 и да победиме уште во првиот круг, за да ставиме конечен крај на оваа банда“ заклучи Николоски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

Најнови вести

To top