Македонија

Николоски: Во 2031 година проектот брза пруга ќе биде завршен, до 2028 еден дел ќе биде функционален

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, најави дека проектот за брза пруга на Коридорот 10 влегува во клучна фаза на планирање, а теренските активности со тешка механизација се очекуваат веќе ова лето.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, најави дека проектот за брза пруга на Коридорот 10 влегува во клучна фаза на планирање, а теренските активности со тешка механизација се очекуваат веќе ова лето.

Според плановите, целосната двоколосечна пруга од северната до јужната граница треба да биде завршена до 2031 година, но едниот колосек би бил функционален три години порано.

Николоски потенцираше дека акцентот во моментов е ставен на квалитетно планирање за да се избегнат доцнењата карактеристични за претходни проекти. Тој информираше и за напредокот на Коридорот 8, каде тимови од Македонија и Бугарија интензивно работат на документацијата за заедничкиот граничен тунел, проект кој вкупно ќе чини над 2 милијарди евра.

„Сега го работиме најзначајниот дел што не е видлив за граѓаните, а тоа е добро планирање. Кога ќе направите добро планирање тогаш проектот колку и да е комплициран оди брзо и во рок. Очекувам до лето да завршиме и потоа првите багери да ги видиме на терен. Во 2031 година проектот брза пруга од граница север-југ да биде завршен. Имајќи предвид дека пругата ќе биде двоколосечна, една пруга во 2028 година ќе биде функционална“, истакна Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top