Николоски: Автопатот Охрид-Кичево ќе биде целосно готов до крајот на 2026 – Имавме попречување од финансиерот на објектот!
Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година, најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Според него, проектот бил оставен во целосен застој, а Владата затекнала состојба без ниту еден метар асфалт и со сериозни проблеми во реализацијата и финансирањето.