Македонија

Николоски во Стејт департментот: „САД се стратешки партнер број еден на Македонија“

Вицепремиерот и министер за транспорт и комуникации Александар Николоски во Вашингтон оствари значајни работни средби во Стејт департментот, каде што со висок американски претставници разговараше за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.

Вицепремиерот и министер за транспорт и комуникации Александар Николоски во Вашингтон оствари значајни работни средби во Стејт департментот, каде што со висок американски претставници разговараше за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.

На средбата со Даниел Лоутон, заменик-помошник државен секретар задолжен за Европа, беше истакнато дека САД остануваат стратешки партнер број еден на Македонија – држава што досега најмногу ја поддржувала нашата земја во политички, економски и безбедносни аспекти. Разговорите се фокусираа на меѓусебната поддршка, заедничката посветеност кон демократските вредности и на создавање нови можности за економска и трговска соработка.

„САД се стратешки партнер број еден на Македонија, држава којашто најмногу ја поддржува Македонија и зборувавме за заедничката економска и политичка соработка. Со заменик помошникот државен секретар Лоутон разговаравме и за соработката во НАТО во овие предизвикувачки времиња, како и за заедничките операции што ги водиме. Зборувавме за економската соработка, пред сè во делот на енергетската транзија и за изградбата на пан-европските коридори 8 и 10 кои поминуваат низ Македонија и се од витално значајни за економијата и безбедноста на нашата држава“, изјави Николоски по средбите.

Тој додаде дека биле отворени и теми за продлабочување на соработката во иднина, вклучително и повторно активирање на стратешкиот дијалог меѓу двете земји, каде што ќе се разговара за заедничките предизвици во безбедносен, енергетски и економски контекст.

„Тука е и трговскиот договор што треба да овозможи многу повеќе бизнис, многу повеќе трговија помеѓу двете држави и секако, стратешкото партнерство, кое што треба да значи просперитет, напредок, безбедност и прозападни вредности на Македонија“, нагласи вицепремиерот.

Посетата на Вашингтон продолжува со учество на глобалниот форум „Transforming Transportation 2026“, каде што Николоски ќе се обрати на учесниците и ќе ги презентира приоритетите на Македонија во областа на транспортната инфраструктура, енергетската транзиција и поврзувањето преку пан-европските коридори.

Овие средби се дел од напорите за унапредување на билатералните односи во време кога Северна Македонија ја зацврстува својата позиција како доверлив сојузник во НАТО и како клучна точка на поврзување во југоисточна Европа.

Најнови вести од: Македонија

Сопрено вакцинирањето во Македонија со вакцината БСЖ, се испитува случајот во Хрватска

Комисијата за имунизација во рамки на македонското Министерство за здравство (МЗ) заседавала по информациите од хрватските медиуми за несакани реакции од вакцина БСЖ, и во земјава се одложува привремено вакцинирањето со оваа вакцина, соопшти МЗ.

Стојаноски: Треба да си ептен наивен, за да мислиш дека ќе го смениме Уставот и нема да имаме натамошни пречки на патот кон ЕУ!

Како најмалуброен народ на Балканот треба да бидеме особено рационални и многу внимателно да ја поставуваме нашата стратегија, изјави претеникот Бојан Стојановски на гостувањето во „Колегиум“ на ТВ Алфа.

Над 4.500 лажни корисници на социјална помош: 25 милиони евра годишно се давале на починати, иселени и фиктивни лица!

Повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност за кои, според премиерот Христијан Мицкоски, било утврдено дека не требало да примаат средства, се откриени во досегашните проверки на системот.

Најнови вести

To top