Македонија

Нобеловиот институт ja отфрли замислата на Мачадо да му ја „отстапи“ на Трамп наградата за мир

Нобеловиот институт објави во саботата дека Нобеловата награда за мир не може да се пренесе на друга личност, да се подели или да се одземе, откако лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, изјави дека може да му ја отстапи наградата за 2025 година на американскиот претседател Доналд Трамп.

Институтот соопшти дека одлуката за доделување на наградата е трајна и конечна и дека комисиите за доделување не коментираат за постапките, или изјавите на лауреатите по добивањето на наградата. „Откако ќе биде објавена Нобеловата награда, таа не може да се повлече, да подели, или да се пренесе на други. Одлуката е конечна и важи засекогаш.“ – соопштија од норвешкиот Комитет за доделување на Нобеловата награда и норвешкиот Нобелов институт.

Мачадо изјави во понеделникот на Фокс Њуз дека доделувањето на наградата на Трамп би било чин на благодарност од венецуелскиот народ за отстранувањето на претседателот Николас Мадуро, кого американските специјалци го грабнаа во Каракас минатата седмица.

„Дали во некој момент му ја понудивте Нобеловата награда за мир? Дали тоа навистина се случи?“, “, праша водителот. „Не се случи, сè уште“, одговори Мачадо.

Трамп, кој не ја криеше својата желба за престижната награда и постојано ја поврзуваше со своите дипломатски достигнувања, рече дека би му било чест да ја прифати Нобеловата награда, ако му ја понуди Мачадо за време на планираниот состанок во Вашингтон следната седмица.

Најнови вести од: Македонија

Се унапредуваат условите во ПС Бит Пазар

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, денеска официјално ја пуштија во употреба целосно реновираната конференциска сала во полициската станица Бит Пазар

To top