Македонија

Ноќта ја завршија зад решетки оти „мортус пијани“ седнале да возат

Едниот од уапсените предизвикал и сообраќајна несреќа

Министерството за внатрешни работи објави дека се уапсени повеќе лица кои возат под дејство на алкохол. Поради возење во пијана состојба во текот на вчерашниот ден уапсени се возачи во Штип, Кочани, Прилеп и Крива Паланка, а дополнително возачот во Крива Паланка предизвикал и сообраќајна несреќа.

– Нa 22.11.2025 околу 01:30 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.А.(37) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал A.A. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта – објавија од МВР.

Исто така е уапсени и млад возач кој бил затекнат зад волатно, но имал високо ниво на алкохол во крвата.

– Нa 22.11.2025 во 01:26 часот на ул. „Никола Карев“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.К.(20) од с.Прибачево. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна незгода, во која Д.К. учествувал со патничко возило „фиат“ со кочански регистарски ознаки, било констатирано дека Д.К. е под дејство на алкохол, односно дека во организмот има 1,58 промили алкохол во крвта – се посочува во соопштението.

Меѓу уапсените е и млад жител на Приле, кој пак значително го надминал дозволеното ниво на алкохол.

– На 22.11.2025 во 02:50 часот на ул.„Прилепски Бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.С.(21) од Прилеп. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С. и по преземени мерки е констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно дека има 2,79 промили алкохол во крвта – објави МВР.

– На 21.11.2025 во 09:34 часот на ул. „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Џ.С.(29) од Крива Паланка. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна незгода, во која Џ.С. учествувал со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки регистарски ознаки, било констатирано дека Џ.С. е под дејство на алкохол, односно дека има 2,06 промили алкохол во крвта – посочуваат од МВР.

По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Најнови вести од: Македонија

Весникот „Илинден“, гласникот на Македонците во Албанија – петнаесет години ѕвезда Деница за македонскиот збор

„Петнаесет години истрајност и посветеност – весникот „Илинден“ е жив хроничар на македонската заедница во Албанија, чувар на јазикот и културата и мост што ги поврзува генерациите и дијаспората низ светот. На 1 март 2011 година Македонското друштво ‘Илинден’ – Тирана го издаде првиот број на својот весник ‘Илинден’. Тој прв број, објавен како двоен (март/април), беше симболичен почеток на една медиумска приказна, која денес, петнаесет години подоцна, има 71 издание. Во текот на овие години, весникот не само што обезбеди континуитет и посветеност туку и изгради мостови меѓу заедниците – од Македонците во Албанија, преку читателите во татковината Македонија, па сè до дијаспората низ светот. Секое издание претставува сведоштво за една борба за видливост, за зачувување на јазикот и културата и за афирмација на македонскиот идентитет во услови на постојани предизвици.“ – пишува во статијата, која ја објави денес дневниот весник „Нова Македонија“.

Потпишан договор за изградба на паркинзи во Клиничкиот комплекс – Во првата фаза до втората половина на 2027 најмалку 500 паркинг-места

Министерството за здравство (МЗ) и Град Скопје го потпишаа Договорот за изградба на паркинзи во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Договорот е на 15 години, со 10 отсто закупнина од вкупно остварениот промет. Во првата фаза е предвидена изградба на два современи монтажни паркинга, со најмалку 500 паркинг места, кои се очекува да бидат ставени во функција до втората половина на наредната година. Паркинзите ќе бидат, пред се, наменети за пациентите и за вработените во Клиничкиот центар. Планирано е едниот паркинг да биде кај Клиниката за гинекологија, а вториот кај црквата во Клинички. Како што најавија министерот за здравство Азир Алиу и градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски пред потпишувањето на Договорот, ако има потреба, ќе биде изграден и трет монтажен паркинг. Ако се утврди дека капацитетите овозможуваат да се паркираат и приватни лица, ќе се овозможи и тоа.

Се возобновува Средното полициско училиште, ќе се запишат 200 ученици! – На 1.7.2026 јавен повик за прием на ученици

Околу двесте ученици ќе се примаат во првата, односно 25 класа на новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија, за кое јавниот повик за учебната 2026/2027 година се очекува околу 1 јули. Со него ќе се возобнови средното полициско образование по пауза од 26 години, односно од завршувањето на последната генерација (1996-2000) пред укинувањето на тогашниот Центар за образование на кадри од областа на безбедноста (ЦОКОБ) „Елисие Поповски-Марко“.

To top