Македонија

Скопје лобира во Брисел против Францускиот предлог, алармираат бугарските европратеници

Муцунски ги искинал чевлите од средби во ЕП, а земјите од бивша Југославија биле посебно активни во корист на Македонија

Членовите на Европскиот парламент од Бугарија го вклучија алармот во својата земја за активното лобирање на Македонија против т.н. Француски предлог што предвидува впишување на Бугарите во македонскиот устав како услов за почеток на преговори за членство во Европската унија.

Посебно „притеснени“ биле бугарските европратеници од тоа што во годинашниот нацрт-извештај за напредокот на Македонија главниот известувач Томас Вајц инсистира ЕП да побара толкување од Советот на ЕУ за правниот статус на вториот протокол кон Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија.

Европратеникот Станислав Стојанов укажува дека шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски бил особено активен во последните денови.

„Можам да кажам дека тој искина еден чифт чевли од средбите со кој и да е во Европскиот парламент, а заклучокот дефинитивно е дека сака да ги отфрли договорите од 2022 година, т.н. Француски компромис, и да постави сосема нови услови и сосема нова преговарачка рамка“, се пожали Стојанов пред Бугарската национална телевизија (БНТ).

„Тука земја-кандидат се обидува да наруши, да заобиколи, како што рече нивната претседателка, да најде ‘креативен пристап’ за решавање на проблемите, а тие одбиваат да го спроведат она за што се согласиле, обидувајќи се да го заобиколат“, додава европарламентарецот Ивајло Валчев.

„Единствената тема им е од нив таканаречената билатерализација и не само поради тоа не можеле да продолжат напред. Такво нешто не постои“, нагласува европратеникот Андреј Ковачев.

Бугарските европратеници стравуваат и дека земјите што претходно го поддржуваа компромисот почнуваат да ги менуваат своите ставови, а земјите од поранешна Југославија биле особено активни во корист на Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top