Македонија

Лидери сме во регионот во реализацијата на мерките од реформската агенда, вели Муцунски

На ниво сме со Црна Гора, далеку пред Албанија, а неспоредливи со Србија, БиХ и Косово, според министерот за надворешни работи

Осврнувајќи се на посетата на Брисел, македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски во „Топ тема“ на ТВ Телма ги истакна пофалбите што ги добил за реализацијата на реформите во Македонија во функција на пристапувањето кон Европската унија.

„Во последната анализа, која наскоро ќе биде објавена, сме лидер во регионот во реализација на мерките од реформската агенда. На ниво сме со Црна Гора, далеку пред Албанија, а неспоредливи со Србија, БиХ и Косово. Добивме пофалби од европските институции“, истакна тој, додавајќи дека и понатаму има предизвици и потреба од реформи“, рече шефот на македонската дипломатија.

Најнови вести од: Македонија

Водечки норвешки мислител се повикува на Сиљановска-Давкова за важно прашање за светот

Објавата која е инспирирана од јавни настапи на македонската претседателка сугерира дека фокусот треба да се префрли од реторика и институционални прогласи кон градење реална средина во која правилата се доследни

To top