Македонија

Новиот израелски амбасадор во Македонија бил блокиран од Милановиќ

Новата израелска амбасадорка во Македонија предходно одбиена од членка на ЕУ и НАТО

Новата израелска амбасадорка во Македонија кој е назначен од израелската влада преходно бил блокирана од хрватскиот претседател Милановиќ кој одбил да го прими за прв дипломат во Загреб.

Откако пропаднал планот Нисан Амдур ќе биде амбасадор за Македонија кој ќе ја покрива од Ерусалим.

Нисан Амдур е ветеран и високо искусен дипломат. Служел, меѓу другото, во Москва и Канада. Бил и висок функционер во Центарот за политички истражувања (Мамад) при Министерството за надворешни работи. Тој е експерт за Блискиот Исток.

Новиот амбасадор за Македонија е во брак со колегата израелски дипломат од кариера Галит Барам.

Оваа година мај 2026 година, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ одби да даде претседателски агреман Амдур да ја преземе функцијата амбасадор, наведувајќи несогласувања со политиките на израелската влада и протоколарни прашања.

Бидејќи формалното претседателско одобрение било одбиено, потоа се планирало Амдур да дојде во Загреб во улогата на вршител на должноста амбасадор од пониско ниво, што не бара формална претседателска согласност. Сепак Израел на крајот се откажал од оваа идеја.

Според објавеното, ова е првпат во историјата на Хрватска еден претседател да го сопре одобрувањето за назначување на амбасадор.

Каде оди старата израелска амбасадорка:

По само една година во Македонија израелската амбасадорка заминува на нова дипломатска мисија

Најнови вести од: Македонија

Легендарен македонист помирен за македонски пасош, жали што не може да помага како почесен конзул на Македонија

Иако е позаслужен за Македонија од многу Македонци промоторот на македонските вредности не може да добие пасош ниту да ја врши симболичната функција што ја имал

(Видео): Огнот кај Драгов Дол слабее, но пожарот кај Велес се шири кон Зелениково

Од 25 пожари што беснееле во земјава во текот на вчерашниот ден, 21 биле изгаснати во текот на ноќта, но четири останале активни. Најголема загриженост предизвикува пожарот кај селото С’лп во Велешко, кој се шири кон Зелениково и селата Добриново и Тисовица.

To top