Македонија

Нови цени на нафтените деривати од утре

Одлуката на РКЕ стапува на сила од полноќ

Од ноќеска на полноќ цените на бензините ќе се намалат за 2 денари, додека дизелот ќе поскапи за 1 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

Од 5 август од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин Еуросупер БС-95 – 91,00 денари за литар
  • Моторен бензин Еуросупер БС-98 – 93,00 денари за литар
  • Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 99,50 денари за литар
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 98,50 денари за литар
  • Мазут М-1 НС – 46,419 денари за килограм

Од РКЕ појаснуваат дека во денешната одлука е применет намален износ на акцизата од 2 денари за литар кај бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и намален износ на акцизата од 4 денари за литар кај Еуродизелот (Д-Е V).

„Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 2 денари за литар. Малопродажната цена на Еуродизелот (Д-Е V) се зголемува за 1 денар за литар“, соопшти РКЕ.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денари за литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,680 денари за килограм.

Најнови вести од: Македонија

По 20 години нова биста на народниот херој Стив Наумов пред студентскиот дом во Скопје, кој го носи неговото име

Еден месец по отворањето на темелно реновираните објекти, во студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопска Автокоманда поставена е и биста на народниот херој по кого е именуван домот, речиси две децении откога е украдена претходната. Бистата официјално беше откриена денеска во присуство на претставници од Сојузот на борци од НОВ, кои положија цвеќе пред споменикот на Стефан Стив Наумов (1920 – 1942), роден на денешен ден пред 106 години.

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

Средбата со младите правници е дел од серијата разговори што тие ги иницираа со личности кои учествувале во создавањето, толкувањето и изучувањето на Уставот

To top