Македонија

Новиот македонски амбасадор Блажевски му ги предаде акредитивните писма на Зеленски

Украинскиот претседател се заблагодари за приклучувањето на Македонија кон Коалицијата на волјата и за поддршката на Украина

Новоименуваниот амбасадор на Македонија во Украина, Димитар Блажевски, му ги предаде акредитивните писма на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој ѝ се заблагодари на Македонија за нејзината политичка поддршка и за учеството во Коалицијата на волјата, како и за тековниот дијалог во формат на земјите од Јужна Европа.

„Северна Македонија, Србија, Грција – да, навистина го немавме овој формат порано. Го пробавме еднаш, а сега гледаме дека овој формат е многу добар. Сакаме да продолжиме“, рече Зеленски во разговорот со Блажевски..

Двајцата соговорници разговараа и за поддршката на енергетскиот сектор, снабдувањето со специјална опрема за зимски подготовки и обновата на Украина, соопшти кабинетот на шефот на украинската држава.

Заедно со Блажевски своите акредитации на Зеленски му ги поредадоа и новите шефоци на дипломатските претставништва на Франција, Холандија, Обединетите Арапски Емирати и Оман.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top