Македонија

Обединување, но и критики – Што точно порачаа функционерите за 8 Септември?!

Членството во Европската Унија останува стратешка цел и дека сака неговата генерација да биде таа што ќе ја внесе Македонија во ЕУ. Сепак, пред државата стои „последен предизвик“ не за да го заврши, туку за да го започне патот кон членството – создавањето доверба.

Не барам да мислите како мене, барам да застанеме заедно кога е во прашање државата, е пораката што премиерот Христијан Мицкоски ја упати до политичките неистомисленици од говорницата по повод 35 години независност. Тој порача дека разликите се природни и дека дебатата треба да продолжи, но над партиските поделби, како што рече, мора да стојат државните интереси и заедничката татковина.

  • „Власта поминува. Функциите поминуваат. Партиските победи и порази поминуваат. Татковината е таа која што мора да остане. Јас нема да барам од оние што не се согласуваат со мене да почнат да мислат како мене. Ќе барам нешто многу поважно – кога станува збор за државата, да најдеме сила да застанеме еден до друг. И затоа денеска од оваа говорница ги повикувам сите оние неистомисленици да продолжиме и понатаму да дебатираме за темите за кои имаме разлики и тоа е природно и нормално да имаме разлика. Но, ајде да се обединиме кон една работа, а тоа е да застанеме цврсто да ги браниме државните интереси на нашата заедничка татковина. Нема поголема цел од тоа“, рече Мицкоски во обраќањето пред Влада во кое испрати неколку политички пораки.

Тој порача дека членството во Европската Унија останува стратешка цел и дека сака неговата генерација да биде таа што ќе ја внесе Македонија во ЕУ. Сепак, според него, пред државата стои „последен предизвик“ не за да го заврши, туку за да го започне патот кон членството – создавањето доверба.

Со секое заминување се прекинува нишка во нашето ткиво, а секоја празна училишна клупа е молчалив потсетник дека ги губиме оние кои беа и сè уште се нашата најголема надеж, порача претседателката Гордана Силјановска-Давкова во честитката по повод Денот на независноста. Во честитката, таа се осврна на иселувањето на младите како еден од најголемите проблеми со кои се соочува државата по три и пол децении независност.

Со секое заминување се прекинува нишка во нашето ткиво, а секоја празна училишна клупа е молчалив потсетник дека ги губиме оние кои беа и сè уште се нашата најголема надеж, порача претседателката Гордана Силјановска-Давкова во честитката за Денот на независноста.

  • „Болната вистина не смее да нè парализира, туку мора да нè мобилизира. Државата не е само систем на институции. Луѓето се државата. Имаме генерациска одговорност да ги завршиме неодложните задачи: да ги искорениме криминалот и корупцијата, да воспоставиме бескомпромисно владеење на правото и да изградиме мирно и праведно општество на рамноправни и еднакви граѓани, независно дали се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и други. Асномскиот завет нѐ учи: „Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме“. Никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите! Повеќе од кога било порано, денес ни е потребна проактивна, конструктивна надеж, верба дека со сопствени сили можеме и мораме да ги направиме нештата подобри. Нашата визија е стабилна и напредна европска држава, но пред сè, татковина во која младите нема да пакуваат куфери, туку, тука ќе создаваат семејства и ќе градат иднина“, се вели во честитката.

Според неа, државата има генерациска одговорност да ги заврши неодложните задачи, да ги искорени криминалот и корупцијата, да воспостави бескомпромисно владеење на правото и да изгради мирно и праведно општество во кое сите граѓани ќе бидат рамноправни и еднакви.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, пак, порача дека оваа годишнина од независноста треба да се гледа со верба и оптимизам.

  • „Нашата Република е дом на граѓани со различна етничка, јазична, верска и културна припадност. Оваа разновидност не треба да биде извор на поделби, туку наша заедничка сила. Во темелите на нашата држава секогаш треба да стојат еднаквоста и чувството дека секој граѓанин има свое рамноправно место во државата“, посочи Гаши.

Собранискиот спикер додава дека заедничка должност е „да се гради држава во која институциите им служат на граѓаните, во која законите се применуваат еднакво за сите, во која корупцијата не се толерира и во која европската перспектива е заедничка цел“. И тој се осврна на останувањето во државата и градењето иднина во неа.

  • „На овој посебен ден, посакувам нашата држава да биде место во кое никој нема да се чувствува како странец, во кое разликите се можност за успех, во кое институциите се посилни од тесните интереси и во кое секој млад човек може со убедување да каже: ’Тука е моето место и тука ја гледам мојата иднина‘“, вели Гаши.

Копретседателот на владејачката партија Влен, коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Билал Касами, честиташе со кратка порака.

  • „Денес го одбележуваме еден од најважните датуми за нашата земја, 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија. Овој ден нè потсетува на волјата на граѓаните да изградат слободна и демократска држава, еднаква за сите! Честитки!“, напиша Касами.

Во пресрет на големата прослава за 35 години независност, од Левица објавија видео-потсетник на кој, како што рекоа, собрале сè што не собрало во славеничкото видео на власта.

  • „Минатото не можеме да го избришеме, но можеме да одлучиме дали ќе продолжиме да го повторуваме. Следните 35 години не се однапред напишани – тие зависат од изборите што ги правиме денес. Затоа, бирајте паметно. Среќен празник Македонијо“, порача Левица.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче порача дека минатите генерации се избориле за независност, членство во НАТО и го отвориле патот кон ЕУ, а го обезбедиле и македонскиот јазик и идентитет. Обврска на оваа генерација, порача тој, е „нашите деца да сакаат да живеат во оваа држава, да се избори за Европска Македонија“.

  • „Затоа што државата е и секојдневниот живот на луѓето, на нашите деца и внуци. Државата е во создавањето можности родителите достоинствено да го издржуваат своето семејство, младите да создадат дом, а повозрасните да имаат мирна и достоинствена старост. Работниците да живеат од својот труд, достоинствено, без страв дали ќе им стигне платата до први. Да изградиме економски силна, европска држава, со подобар животен стандард, во која училиштата ќе се полнат со деца, наместо да се празнат, а младите своите соништа и својата иднина ќе ги гледаат тука, дома. Да изградиме европска држава со систем што функционира и правда што важи еднакво за сите“, порача Филипче.

Оваа држава не е изградена за еден ден, ниту само од една заедница, порача и лидерот на опозициската ДУИ. Тој во празничната честитка изразува загриженост за Охридскиот мировен договор постигнат по конфликтот во 2001-та, велејќи дека овој документ ја зајакнува унитарноста на државата, правејќи ја подемократска.

  • „Мојата загриженост не е само за она што е постигнато, туку и за она што може да се изгуби доколку заборавиме зошто беа потребни промените од 2001 година. Загрижува кога гледам исклучување во застапеноста, пречки во употребата на јазиците, неинклузивност во културата и јавниот живот или обиди за поткопување и релативизирање на принципите врз кои беше изграден мирот. Треба да бидеме внимателни. Затоа што државите не се ослабуваат со еднаквост. Државите се ослабуваат кога нивните граѓани почнуваат да се чувствуваат исклучени“, посочува Ахмети.

Затоа, додава лидерот на ДУИ, неговата порака е едноставна: „Да го зачуваме она што го изградивме заедно и да го придвижиме напред“.

Моника Зајкова, лидер на ЛДП, рече дека има 35 години. Родена е во независна Македонија, не памети друг државен систем, но памети држава која целиот нејзин живот е во некаква „реформа“ што никако да заврши.

  • „Предолго го гледаме сценариото: едните доаѓаат затоа што другите биле лоши, а кога ќе седнат во нивните фотелји, не ги укинуваат лошите практики – ги усовршуваат. Она што вчера беше ‘партизација’, денес станува ‘кадровска политика’. Она што вчера беше ‘лош закон’, денес станува ‘реформа’. Она што вчера беше ‘преголема администрација’, денес добива уште министри, заменици, директори, заменици, управни и надзорни одбори и нови функции. Се менуваат партиите на власт, а системот останува. Само денес станува и поскап, погломазен и понеодговорен. И тука мора да престане приказната дека ‘сите се исти’“, порача Зајкова.

Таа рече дека треба да се укинат  голем дел од банкарските провизии и да се заздат банките, но и да се скрати бројот на министерства и „на купиштата директори, заменици директори, управни и надзорни одбори, непотребни функции и институции и мал, професионален и ефикасен државен апарат, наместо држава што постојано создава нови фотелји“. Воедно, порача дека на земјата и треба поинаков Кривичен законик, систем во кој, како што рече, времето нема да биде сојузник на функционерите што ја злоупотребиле власта и во кој застарувањето нема да биде најдобриот адвокат на политичарите.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Официјално пуштен реконструираниот аеродром „Свети апостол Павле“ во Охрид

По реконструкцијата што почна во март годинава, свечено е пуштен обновениот аеродром „Свети апостол Павле“ во Охрид. Ова е прва реконструкција на аеродромот по 56 години. Аеродромот има рекордни над 240 илјади патници од почетокот на годината досега, а очекувањата се дека вкупно оваа година ќе има околу 4 милиони патници.

(Фото галерија): Аеродромот во Охрид како вистински музеј – украсен со реплики на мозаиците и фреските од Плаошник и Света Софија

Мозаиците, реплики на оние кои се најдени на Плаошник, како и реплика на фреска од црквата Света СОфија од Охрид, го прават престојот во аеродромот мал музеј, кој ќе ги претставува убавините на Македонија, уште при пристигувањето.

Силјан: Македонскиот јазик e нашата куќа во времето, во него зборуваат предците, се огледува совеста на живите и се именува иднината на децата!

„На избори се добива мандат – не тапија на татковината. Ниту една партија, власт или генерација, не е сопственик на Македонија. Ние сме нејзини привремени чувари меѓу оние, што ја сонувале и оние, што ќе ја наследат.“- порача Раде Силјан во словото по примањето на Орденот „8 Септември“ на свеченоста по повод 35-годишнината од независноста на Македонија.

Мицкоски: Да бидеме генерацијата, која ќе ја внесе РМ во ЕУ, но без компромиси за идентитетот, јазикот и културата, оти тоа ќе биде уривање на АСНОМ и Илинден!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање по повод 35-годишнината од независноста на Република Македонија се осврна и на Европската Унија, нагласувајќи дека тој работи во насока да бидеме генерацијата, која ќе ја внесе државата во ЕУ, но додаде дека сите се свесни дека постои еден последен предизвик за да се почне со патот, а за да се надмине потребно да се да се создаде доверба.

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати честитка по повод Денот на независноста на Македонија

„Во име на американскиот народ, упатувам најтопли честитки до народот на С. Македонија, додека славите 35 години независност.“ – истакнува американскиот државен секретар Марко Рубио во честитката, упатена по повод Денот на независноста на Република Македонија Осми септември.

Мицкоски: Има само една татковина, еден сон, една борба, една идеја: Македонија! Премалку сме да се делиме!

„Верувајте во нашата татковина. Не затоа што е совршена. Туку затоа што е наша и затоа што можеме да ја направиме подобра. Не затоа што немаме проблеми. Туку затоа што имаме сила да ги решиме. Не затоа што историјата ни ветила победа. Туку затоа што ние сме подготвени да ја заслужиме!“ – порача денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски на свеченоста под мотото „Силно светнал ден!“ на платото пред Владата на Република Македонија.

Најнови вести

To top