Македонија

Обидот на ДУИ преку Таравари да предизвика земјотрес во ВРЕДИ не успеа

Излегувањето на Арбен Таравари бил обид на ДУИ да внесе раздор во ВРЕДИ и таа да се растури, но од Коалицијата порачаа дека се пообединети од кога било досега. „ВРЕДИ денеска повеќе од кога било го потврдува своето политичко и институционално единство. Сите наши партии и претставници се синхронизирани во визијата, целите и одлуките. ВРЕДИ […]

Излегувањето на Арбен Таравари бил обид на ДУИ да внесе раздор во ВРЕДИ и таа да се растури, но од Коалицијата порачаа дека се пообединети од кога било досега.

„ВРЕДИ денеска повеќе од кога било го потврдува своето политичко и институционално единство. Сите наши партии и претставници се синхронизирани во визијата, целите и одлуките.

ВРЕДИ е обединето тело кое дејствува одговорно кон граѓаните и со решителност на политичката сцена.

Обидите на ДУИ преку Таравари да предизвика земјотрес во ВРЕДИ се целосно неуспешни. Обидот за поделба се претвори во политички бумеранг за самите автори.

Ова докажува дека ВРЕДИ не е случајна коалиција, туку сериозен политички проект со силна основа и јасна визија за иднината“, гласи денеска во нивното соопштение.

Од таму додаваат дека наредните денови ќе има настани кои дополнително, како што велчат, ќе ја зацврстат улогата на коалицијата.

 

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top