Македонија

Оболенски: Царството на Самоил било македонско

Бугарија го спомнува со воздржаност

Ако денес Бугарија се обидува да го присвои цар Самoил како свое ексклузивно наследство, тоа не било случај пред неколку децении. Во бугарската православна литература речиси не се среќаваат традиции поврзани со него. А кога сепак се спомнува, тоа најчесто е проследено со одредена воздржаност.

Причината, според историчарите, лежи во фактот што бугарската црква во тоа време немала значајна позиција во македонското царство на Самoил.

Ова е заклучокот на сер Дмитриј Оболенски (1918–2001), истакнат руско-британски историчар и византолог, кој студирал и кратко предавал на Универзитетот во Кембриџ, а потоа остварил долга академска кариера како професор во Оксфорд.

Во своето дело „Богомилите“ од 1948 година, на страница 151, Оболенски пишува за Самoил:

И покрај овие неоспорни докази, за името на Самoил сè уште се врзува постојано сомневање за хетеродоксија. Значајно е тоа што, додека големите православни цареви Борис, Симеон и Петар често се величаат во спомениците на бугарската литература и станале предмет на национален култ, името на Самoил речиси целосно отсуствува од бугарската православна литература и секогаш е обвиено со превез на воздржаност. Објаснувањето за овој факт веројатно лежи во положбата на бугарската црква во македонското царство на Самoил. Со тоа што одбил да го признае укинувањето на старата бугарска патријаршија, наложено од Јован Цимиски и со поставувањето на сопствен патријарх, Самoил ги прекинал сите односи со Вселенската патријаршија. Во очите на византиската црква и држава, тој секогаш останал бунтовник. Во рамките на сопственото царство, Самoил бил принуден да води политика што во суштина била националистичка, како во церковна, така и во политичка смисла; за да биде успешна, оваа политика барала соработка на сите страни и групи во Бугарија во остварувањето на една цел – уништување на византиската власт и нејзината доминација над балканските Словени. Оваа соработка, пак, претпоставувала состојба на внатрешна рамнотежа, па затоа е разбирливо што Самoил не можел да си дозволи да ги отуѓи богомилите, кои во тоа време сигурно претставувале значителен дел од неговите поданици. Оваа веројатна толеранција кон еретиците од политички причини можеби и ја поттикнала народната легенда што го поврзува цар Самoил со богомилството.

Изворите од десеттиот век не укажуваат експлицитно кој регион или региони во Бугарија може да се сметаат за првобитно огниште на богомилската секта. Сепак, врз основа на збирните докази што ги опфаќаат географските фактори, индиректните историски податоци и подоцнежните извори – кои допрва треба да се разгледаат – може да се потврди дека Македонија била колевката, а подоцна и упориштето на богомилството на Балканот, вели Оболенски.

Од цитатот може да се издвојат два јасни заклучока:

Името на Самoил речиси целосно отсуствува од бугарската православна литература и постојано е обвиено со „превез на воздржаност“.

Царството на Самoил се дефинира како македонско царство. Дека „царството на цар Самоил беше повеќе македонско отколку бугарско“ е став што го застапува и Вилијам Милер.

Најнови вести од: Македонија

Николоски од Виена: Реализираме инфраструктурни проекти вредни до 6 милијарди евра

Николоски нагласи и дека на Македонија ѝ се потребни меѓународни пријатели и силни партнерства, додавајќи дека преку ваквите форуми се создаваат можности за нови форми на институционална соработка со европските партнери.

(Фото): Ова е најтешкиот буџет, се враќаат две милијарди евра, ќе има и поголеми плати, најави министерката за финансии

Јавниот долг заклучно со третиот квартал годинава, според податоците од Министерството за финансии, изнесува 10 милијарди 930 милиони евра или 56,6 проценти од БДП. До крајот на годината, во согласност со сегашните проекции, би требало да изнесува 11.250 милиони евра или 58,2 проценти од БДП, а државниот долг да биде 51 процент.

Уставни измени во 2001: Треба да се спречи Македонија и целосно да ја изгуби својата „македонска душа“ како држава! (3)

Ноемвриските уставни амандмани од 2001 година „инсталираа“ „фабрички дефект“ во функционирањето на политичкиот систем преку воведувањето на „консензуалната“, „договорна демократија“, предвидена да ја практикуваат „етничките поглавари“ на Македонците и Албанците. Експертите посочуваат дека таквата „договорна демократија“ ја претвори Македонија во непрогласена „двонационална држава“ со „отворена перспектива“ наместо унитарна држава да стане и „двокантонална федерација“, или можеби и конфедерација. Сегашната претседателка на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова учествувајќи на една научна расправа во МАНУ пред 19 години, тогаш како професорка по уставно право и уставен систем, констатираше дека „во 2001 година врз македонската држава беше спроведен рамковен и уставен инженеринг во режија на меѓународната заедница“. Силјановска-Давкова уште тогаш имаше изнесено предупредување дека е реална заканата „Македонија да стане ‘држава без душа“.

Мицкоски за ужасниот напад врз девојката во Охрид: Жестоко го осудувам ова дивјаштво! – Сѐ ќе сториме сторителот да одговара пред правда!

Премиерот Христијан Мицкоски упати остра осуда за нападот врз младата девојка во Охрид, изразувајќи поддршка до нејзиното семејство, ветувајќи дека институциите ќе сторат сè сторителот да биде изведен пред лицето на правдата.

To top