Македонија

Обраќање на премиерот Мицкоски по повод Денот на албанската азбука

На 22 ноември се одбележува годишнината од Битолскиот конгрес на кој десетици албански научници од 14 до 22 ноември 1908 година се состанале за да ја создадат албанската азбука

По повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука денеска во Владата во 10 часот ќе се одржи свечена седница, на која ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.

На 22 ноември се одбележува годишнината од Битолскиот конгрес на кој десетици албански научници од 14 до 22 ноември 1908 година се состанале за да ја создадат албанската азбука. Конгресот на уедничување на азбуката на албанскиот јазик претставува еден од најзначајните настани во историјата на културата, и на албанскиот народ во целина.

Од 22 ноември 2007 година, Денот на албанската азбука се слави како државен празник.

Тој е неработен ден за граѓаните на албанската заедница во земјава.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top