Македонија

Обвинителката Ленче Ристовска се кандидира за Државен јавен обвинител

Според извори во ЈО таа важи за блиска на семејството на екс државниот обвинител Љупчо Коцевски

Откако не успеа да стане судија во меѓународниот суд за човекови права  обвинителката во екс СЈО и една од најблиските соработнички на Катица Јанева сака да го наследи Љупчо Коцевски кој си даде оставка.

Денеска обвинителката Ленче Ристовска поднесла кандидатура до Собранието за Државен ЈО, дознава expres.mk.

Ристовска пред неколку месеци беше меѓу првите тројца кандидати на конкурсот за судија во Стразбур кој беше поништен од владата по што почна нова процедура.

 

Таа беше избрана и за македонски претставник во Агенцијата на Европската Унија за соработка во кривичната правда (Еуроџаст).

Покрај Ристовска кандидатура за државен јавен обвинител поднесла и и актуелната в.д Државна јавна обвинителка Анита Топалова Исајловска.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top