Македонија

Обвинителска бомба – Државниот обвинител Коцевски има пристап до информации за многу следени важни македонски граѓани

Зошто цел месец обвинителството ,,не мрднало со прст” за пријавата од АНБ

Државниот обвинител Љупчо Коцевски преку контролата на Посебните истражни мерки определни од судот има пристап до информации за многу следени важни македонски граѓани.

Оваа бомба ја објавува вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи кој открива дека во приватен разговор Коцевски му открил дека има инфорамции за многу прислушувани или следени луѓе.

Во емисијата Летна Политика на Радио Лидер Хајрулахи открива фрапантни информации за обвинителството и тврди дека се додека на чело на обвинителството е Коцевски ќе нема никаква разврска на скандалот со следење на политичари, обвинители и новинари.

Хајрулахи ова го поткрепува со периодот од еден месец во кој обвинителството нема постапено по пријавата од АНБ за случајот и за кој јавноста немала никаква информација се до брифингот на агенцијата за национална безбедност.

Целата шокантна емисија

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top