Македонија

Од 20 до 30 август Kарпош станува културна сцена: Започнува „Карпошово културно лето’’

Нокаут, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Дац и Александар, Александар Тарабунов –Тара, Тумбао со Гиш, Day Off, кино на отворено, изложби, детска програма и фолклор во десет фестивалски дена на повеќе локации низ Карпош

Од 20 до 30 август, Карпош ќе живее во ритамот на музиката, филмот, уметноста и културното творештво. На повеќе препознатливи локации низ општината ќе се одржи годинешното издание на „Карпошово културно лето’’, со десет програмски дена што ги поврзуваат македонската музичка сцена, културното наследство, киното, визуелната уметност, детското творештво, фолклорот и современите урбани содржини. Програмата беше претставена на прес-конференција одржана на 17 август во холот на Општина Карпош. Концептот на годинешното издание ја носи културата на повеќе точки низ општината – од плоштадот „Делфина“ во Влае и Плато на ,,Млечен’’ , преку Карпош 3 и Бардовци, до Кинотека, дворот на ООУ „Петар Поп Арсов“, просторот кај ФИНКИ и општинската зграда. Во фокусот е македонското творештво – домашните изведувачи, филмот, драмското и музичкото наследство, традицијата и новите креативни практики – надополнети со ликовни и други културни содржини што ја отвораат програмата кон различни генерации и уметнички изрази.

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, на прес-конференцијата ја истакна токму поврзаноста меѓу наследството, традицијата и иднината на македонската култура и упати отворена покана до јавноста да биде дел од фестивалските денови.

„Целата програма е олицетворение на она што е културно наследство, традиција, креативен капацитет и македонска иднина во областа на културата. Изразувам голема благодарност до тимот кој посветено работи на овие проекти, како и до сите учесници. Упатувам отворена покана до сите карпошани и сограѓани – бидете со нас, посетете го киното на отворено, бидејќи ветуваме добра забава, дружба и незаборавни доживувања!’’, изјави градоначалникот Сотир Лукровски.
Свеченото отворање на „Карпошово културно лето“ е закажано за 20 август во 20:00 часот на плоштадот „Делфина’’ во Влае, со настапи на Александар Тарабунов – Тара и Нокаут, како и диџеј-програма. Во следните фестивалски денови публиката ќе може да ги проследи Тумбао Салса бенд со Сашо Гигов – Гиш и проектот „Gypsy Night“, Дац и Александар со специјалните гостинки Маријана и Росана, Balkan Jam, Игор Џамбазов и Гуру Харе и Day Off.

На 29 август, Бардовци ќе биде домаќин на вечер посветена на македонската народна музика со Душко Георгиевски, Зуица Лазова и Миле Кузмановски, како и настап на КУД „Етнос“. Музичкиот мозаик го дополнуваат детскиот фестивал „Поточиња’’, хорот на Здружението на пензионери Карпош, женскиот хор „Фрида’’, АКУД „Мирче Ацев’’, квартетот „Полихимниа’’ и други програмски содржини што ги поврзуваат современата сцена, евергринот, хорската музика, фолклорот и традицијата. Културно наследство, визуелна уметност и нови креативни практики Посебно место во програмата има изложбата на 25 плакати од театарски претстави на Горан Стефановски, пронајдени во неговата лична колекција. Плакатите се од различни претстави изведувани во земјата и надвор од неа и претставуваат визуелен пресек на сценскиот живот на неговите текстови и потсетување на трајното значење на неговиот драмски опус.

Современото творештво и одржливоста се поврзуваат преку ReART – патувачка изложба на циркуларна уметност, реализирана во соработка со Фондацијата „Берта Додедевска“ и „Нула отпад“. Проектот ја истражува креативната реупотреба на електронскиот отпад како уметнички материјал и ги отвора темите за циркуларната економија, одржливиот развој и одговорниот однос кон животната средина. На 21 август во Кинотека ќе биде отворена и меѓународната изложба „Ликовни визии на имагинацијата’’, на која ќе бидат претставени дела од десет академски ликовни уметници – осум од Македонија и двајца од Србија. Истиот ден ќе се одржи и промоцијата на книгата „Зоја’’ од Јоана Шишкова. На 27 август, на платото на ,,Млечен’’ , ќе биде поставена и изложбата на отворено „Карпош помеѓу боите и генерациите’’, со дела на деца, млади и возрасни автори.

Кино под отворено небо и содржини за најмладите Еден од препознатливите сегменти на годинешната програма е Карпош кино на отворено, кое започнува на 21 август во 20:00 часот во дворот на ООУ „Петар Поп Арсов’’. Првата проекција е „Приказна за Силјан’’, а кино-програмата продолжува и во наредните фестивалски вечери до 27 август. За најмладата публика, покрај настапот на „Поточиња’’, на 23 август кај фонтаната во Карпош 3 ќе се реализира интерактивната просторна работилница „Нашето маало – #СоздавамеЗаедно’’.

Преку заедничко создавање, децата ќе градат просторна инсталација инспирирана од маалото – со згради, улици, паркови, игралишта и други елементи – поврзувајќи ги имагинацијата, заедништвото, грижата за јавниот простор и креативната реупотреба на материјалите. Со музика, филм, ликовна уметност, културно наследство, детско творештво, фолклор и урбани содржини распоредени на повеќе локации, „Карпошово културно лето’’ ја отвора општината како простор за култура и средба со публиката, поврзувајќи афирмирани домашни имиња, нови автори и различни генерации.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Ѓула Челику: Длабока е болката кога Албанците од „РСМ“ се етикетираат како Македонци, не треба да ја забораваат Албанија без оглед каде живеат!

„Длабока е болката кога Албанците од С.Македонија се етикетираат како Македонци, како да е нашиот национален идентитет административен избор, или прашање, кое другите можат да го одлучат за нас. Но, болката станува уште поголема кога ова негирање е прифатено, поддржано или промовирано од оние, кои треба да го бранат албанството!“ – пишува Ѓула Челику во својата колумна со наслов „Да бидеш Албанка од С.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ од Скопје. Ѓула Челику е доктор по политички науки, професорка во државниот универзитет во Тетово, основач и претседател на политичката партија Европско граѓанско движење во Република Македонија

To top