Македонија

Бугарските превозници ќе мора да возат по 500-600 километри повеќе

Бугарските камионџии ќе треба да возат 300 до 500 км подолго, преку Романија, по блокадите на граничните премини од страна на македонските и српските колеги

Поради блокадите што ги вршат превозниците од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија ,пристигнаа и првите реакции:

Протестираат бугарските камионџии кои поради блокадите ќе трпат големи финансиски загуби поради бидејќи ќе мораат да користат алтернативни патишта до европските дестинации, кои минуваат низ Романија, што го продолжува нивното растојание за 500-600 км, пишуваат бугарски медиуми.

Превозниците од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија протестираа поради проблемите со новиот систем за влез и излез од ЕУ и економските загуби што произлегуваат од тоа за превозниците поради ограничувањето на престојот на територијата на земјите-членки на 90 дена во рок од 180 дена, објавија „Нова“ и „БНТ“.

Вчера, премините со Србија беа блокирани за тешки товарни возила во двата правци. Денес, по полноќ, сообраќајот беше ограничен за возила над 3,5 тони на нашите гранични премини со Северна Македонија „Врашка Чука“, „Брегово“, „Стрезимировци“, „Ѓуешево“, „Делчево“ и „Златарево“, пишуваат бугарските медиуми.

Блокадата кон Бугарија е на сите гранични премини: – Деве Баир – Ѓуешево, Делчево – Станке Лисичково и Ново Село – Златарево.

Бугарските возачи што минуваат се навремено известени за ограничувањата и опциите за чекање, за да се спречат метежи и тензии, пишуваат бугарските медиуми.

Во бугарските медиуми се пренесуваат ставови на транспортни здруженија дека ситуацијата е „економски неодржлива“ за компаниите, а се најавуваат и разговори меѓу претставници на транспортниот сектор и бугарските институции за координација на мерките и евентуален заеднички настап кон Европската комисија, со цел да се ублажат последиците од новиот систем за влез и излез во ЕУ.

Дополнително, бугарското Министерство за надворешни работи преку медиумите соопшти дека внимателно ја следи состојбата и дека, доколку ситуацијата ескалира, Бугарија ќе ги искористи дипломатските канали и контактите со Европската комисија за да се олесни режимот и да се најде решение за проблемите со новиот систем за влез и излез во ЕУ и примената на правилото 90/180 дена.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западен Балкан, амбасадорот Андраш Клеин. На средбата беше изразено задоволство од континуираниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, кои во 2025 година беа издигнати на ниво на стратешка […]

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top