Македонија

Од другиот Петок ке се казнува, промени во закон за безбедност на патишта

Полека, полека му доаѓа крајот на пешачење со телефон на уво или возење тротинети со слушалки – измените во Законот за безбедност во сообраќајот стапуваат во сила на 26 септември.

Од 26 септември 2025 година, во Македонија стапуваат во сила измените во Законот за безбедност во сообраќајот, со кои се забранува користење електронски уреди за време на пешачење или возење, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата. Пешаците кои преминуваат улица или велосипедска патека додека користат мобилен телефон или други уреди што го намалуваат вниманието ќе се соочат со казна од 40 евра. Членот 116-а од Законот јасно пропишува: „Пешакот е должен да се движи внимателно, без притоа да користи електронски уреди… со кои би му се намалило вниманието додека го преминува коловозот и велосипедската патека“.

Возачите на тротинети, мотоцикли или трактори, пак, кои користат електронски уреди за време на возење, вклучително слушалки или телефони, ќе плаќаат казна од 50 евра. Овие мерки доаѓаат по зголемениот број сообраќајни несреќи предизвикани од невнимание, особено во урбаните средини, каде пешаците и корисниците на тротинети често се движат расеано.

Од 1 јануари 2026 година, МВР ќе го воведе системот „Безбеден град (Сејф сити)“, кој преку видеонадзор ќе детектира сообраќајни прекршоци, вклучително и овие нови правила. Сепак, за целосна примена на системот, потребно е Собранието да го усвои Законот за прекршоци, кој сè уште е во фаза на разгледување. Овие измени се дел од напорите за намалување на сообраќајните инциденти, кои во 2024 година одзеле 126 животи, според податоците на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.

Најнови вести од: Македонија

Кадриу: Да поднесеше Ристоска оставка при примопредавање на прислушкуваните материјали кога ја уриваа државата, ќе ѝ поверував дека е принципиелна!

Адвокатката и поранешна обвинителка Лејла Кадриу реагираше по оставката на обвинителката Ленче Ристоска, оценувајќи дека станува збор за „бегство од одговорност“, а не за принципиелен чин.

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

To top