Македонија

Од ГРОМ незадоволни: Судот не ја зел во предвид тешка здравствена состојба на Стевчо Јакимовски

Јакимовски има уште еден активен судски процес во Кривичниот суд Скопје.

Ексградоначалникот на Општина Карпош и претседател на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска доброволно се пријави во затворот во Шуто Оризари за да ја издржува едногодишната затворска казна.

Јакимовски требаше да започне со издржување на казната на 2 јули, но побара одложување поради здравствени причини. Судот го одби барањето, бидејќи лекарите од приватните здравствени установи што тој ги наведе не одговориле на барањата за проверка на неговата моментална здравствена состојба.

Од партијата ГРОМ реагираа остро, наведувајќи дека Судот не ја зел предвид неговата тешка здравствена состојба – Јакимовски е онколошки пациент, а пред 12 дена имал оперативен зафат.

„Не земајќи ја во предвид неговата здравствена состојба дека тој е онколошки неизлечен пациент, оперативниот зафат извршен пред 12 дена само ја покажува нечовечноста, нехуманоста и флагрантно кршење на човековите права“, велат од ГРОМ.

Кривичниот суд Скопје на 9 јуни му издаде упатен акт за издржување на казната. Јакимовски е осуден за бесправно градење на бараките во основното училиште „Лазо Трповски“ во Карпош, каде беше сместена општинската администрација.

Јакимовски на 9 јуни на прес-конференција пред бараките изјави дека во оваа ситуација е виновен за да биде спречен да се кандидира на повторните избори за градоначалник.

„Знам дека судиите работат под притисок и очекувам дека Врховниот суд ќе ја отфрли оваа политичка пресуда. Ова е доказ дека ние имаме диктаторски режим којшто се пресметува со своите“, рече тој тогаш.

Јакимовски има уште еден активен судски процес во Кривичниот суд Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top