Хроника

Почина притвореник во затворот „Шутка“

Вчера, на 30 август 2025 година, околу 15:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека притвореник во Казнено-поправната установа Затвор Скопје побарал лекарска помош, по што починал.

Вчера, на 30 август 2025 година, околу 15:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека притвореник во Казнено-поправната установа Затвор Скопје побарал лекарска помош, по што починал.

„На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР Скопје, од страна на вработен во КПУ Затвор Скопје, е пријавено дека М.П. (54) од с. Долно Коњари, кој бил во притвор, побарал лекарска помош. Во 15:58 часот лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, без видливи траги на насилство,“ информираат од МВР.

Случајот е пријавен и се преземаат дополнителни мерки за негово целосно расветлување.

Најнови вести од: Хроника

Утринава четворица битолчани се степале во казино во Битола – нападнале и вработен во обезбедувањето

Во 03:15 часот рано изутринава во казино на улица Димитар Илиевски Мурато во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода М.Н.(40) , Ш.К.(41), А.Ј.(29) и Д.Р.(34), сите од Битола.

„Чистач“ на МВР низ цела Македонија: откриени многу случаи на насилен и прекуграничен криминал, уапсени 5.628 лица!

Крим-полицијата е на терен. Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација и содејство со сите Сектори за внатрешни работи и Регионалните центри за гранични работи, од септември 2024 година спроведува Оперативна акција „Чистач“ на целата територија на Македонија.

Тешка сообраќајна несреќа во Гостивар: шестмина повредени, четворица од нив тинејџери

На 03.10.2026 околу 22 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосницата на ул. „Кеј Вардар“ и ул. „Тоде Богдановски“ во Гостивар, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патнички возила „голф“, управувано од Е.Р. (18), „голф“, управувано од Б.А.(19), „бмв“, управувано од М.М. (25) и паркирано возило „пасат“ во сопственост на Е.С. (54), сите од Гостивар.

To top