Македонија Регион

Од октомври нови правила за патување во ЕУ – повеќе давачки

Со новите правила, наместо рачно печатење пасоши, ќе се воведе дигитална регистрација за сите патници кои влегуваат во Шенген зоната за краток престој до 90 дена.

Ако досега при патување во странство главната грижа ви беа пасошот, парите и авионскиот билет, од октомври 2025 ќе имате и нова обврска. Повеќето земји-членки на Европската Унија и уште четири европски држави од 12 октомври ќе почнат постепено да го применуваат новиот Систем за влез/излез (Entry/Exit System – EES) за патници од земји надвор од ЕУ, соопшти Европската комисија.

Со новите правила, наместо рачно печатење пасоши, ќе се воведе дигитална регистрација за сите патници кои влегуваат во Шенген зоната за краток престој до 90 дена. При првото влегување, патниците ќе мора да достават биометриски податоци – отпечатоци од прсти и фотографија – до граничните службеници.

Воведувањето на EES е подготвителен чекор за стартот на Европскиот систем за патнички информации и одобрување (ETIAS), кој според најновите информации ќе започне да важи во последниот квартал од 2026 година. Тогаш, државјаните на трети земји кои се ослободени од виза за ЕУ ќе мора да поднесат онлајн апликација и да платат такса од 20 евра – повисока од претходно најавените 7 евра. Одобрението ќе важи три години.

Што е потребно за ETIAS апликацијата?

За да аплицирате ќе ви треба:

важечки пасош (не постар од 10 години, со важност најмалку уште три месеци),

платежна картичка,

лични податоци.

Пасош кој не ги исполнува меѓународните стандарди може да биде одбиен.

Како ќе се спроведува EES?

Системот ќе се воведува постепено на надворешните граници на 29 европски земји во рок од шест месеци. Ќе се собираат биометриски податоци (фотографии и отпечатоци од прсти), а патник кој одбива да ги даде нема да може да влезе во земјите што го користат EES.

Најнови вести од: Македонија Регион

Тошковски: Одбележани 26 години од загинувањето на полициските херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак во Арачиново

Денеска се навршуваат 26 години од трагичната смрт на полициските службеници-херои и македонски херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, кои во 2000 година, при извршување редовна полициска контрола на влезот во селото Арачиново, беа подмолно и сурово убиени во заседа. Хероите на Македонија остануваат вечно вградени во колективната меморија, а нивната жртва ќе продолжи да инспирира сегашни и идни генерации.

To top