Македонија

Од првиот чекор до самостојност: 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

Нашата мисија останува иста: НИТУ ЕДНО ДЕТЕ ДА НЕ РАСТЕ САМО

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства да добијат нова шанса за сигурна иднина и 6 090 променети животи, бројка зад која стојат вистински луѓе и вистински приказни.

По повод нашиот јубилеј, споделуваме пет сведоштва кои ја отсликуваат нашата работа со деца, млади и семејства и покажуваат како поддршката може да го промени животниот пат од неизвесност до стабилност, од првиот чекор до самостоен живот.

„Имаше период кога мислевме дека нема да можеме да продолжиме понатаму. Поддршката што ја добивме ни помогна повторно да застанеме на нозе.“ – Јордан, родител учесник на обуките за родителство. Преку Советувалиштата на СОС Детско село и обуките за родителство, помогнавме на 1390 семејства во ризик и спречивме 3970 деца да бидат одвоени од биолошките семејства. За многумина, оваа помош значеше можност повторно да ја изградат стабилноста и да продолжат заедно како семејство.

„Пред да дојдам во СОС Детско село, се плашев од сè. Но, таму првпат почувствував дека некој навистина се грижи за мене“, вели Санела, дете поддржано од СОС Детско село. Кога децата не можат да растат со сопственото семејство, потребно им е друго, згрижувачко семејство кое ќе ги заштити и исполни нивните потреби.

Центарот за поддршка на згрижувачки семејства на СОС Детско село секојдневно обезбедува поддршка за 87 згрижувачки семејства, помагајќи им да обезбедат сигурна и стабилна средина за вкупно 710 деца и млади за да растат со грижа, стабилност и чувство на припадност. За многу од нив, ова е местото каде првпат почувствувале сигурност.

„Кога почнав да живеам сам, најмногу се плашев од првиот чекор. СОС Детско село беше тука да ми помогне да направам план за иднината“, вели Јасна, младинка поддржана од СОС Детско село. Поддршката продолжува и кога младите го прават следниот чекор кон самостоен живот. Помогнавме на 1466 млади да ги зајакнат своите можности за вработување. Успеавме да помогнеме над 674 млади да се вработат. Ова е патот од поддршка до независност.

„Денес имам сопствен мал бизнис. Тоа што некој веруваше во мојата идеја кога јас не верував, ми го промени животот“, раскажува Борис, млад човек кој беше дел од проектот Зајакнување на младите преку нови можности. Преку менторство и поддршка, помогнавме на 73 млади луѓе да започнат сопствен бизнис, создавајќи нови можности за себе и за својата заедница. Нивните приказни покажуваат дека со вистинска поддршка, младите можат да изградат иднина каква што некогаш изгледала невозможна.

„Разговорите со психолог беа моментот кога престанав да се чувствувам изгубено и почнав повторно да верувам во себе“, вели Стефан, млад човек кој беше дел од услугите за психолошка поддршка и специјална едукација и рехабилитација на СОС Детско село. Грижата за менталното здравје е важен дел од поддршката што ја добиваат децата и младите. За само една година 127 деца и млади добија психолошка поддршка да ги надминат траумите и да продолжат да растат со сигурност и доверба во себе. 25 години грижа што продолжува.

Во текот на изминатите 25 години, ние во СОС Детско село Македонија континуирано ги развиваме нашите програми со една јасна цел, секое дете да има сигурна средина во која може да расте, да учи и да го достигне својот потенцијал. Затоа што зад секоја бројка стои вистинска приказна. Едно дете. Една нова шанса. Нашата мисија останува иста: НИТУ ЕДНО ДЕТЕ ДА НЕ РАСТЕ САМО.

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top