Македонија

Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Се чека само потписот за да потече гасот

Намалување на зависноста на Македонија од рускиот гас кој доаѓа од Бугарија со приклучување на конекторот со Грција.

Македонија на овој начин се приклучува кон Трансјадранскиот гасовод кој од Грција преку Србија ќе премине кон Унгарија и другите земји од Европа, Македонија станува крстосница на европските енергетски коридори, објави Алфа ТВ.

За експертите, со овој потег државата обезбедува енергетска стабилност, безбедност и повеќе пари во буџетот преку наплата на користење на гасоводниот систем.

Со диверзификацијата, Македонија станува енергетски независна, со можност за дополнителен економски развој поради можноста за поголема искористеност на гасот во индустријата.

„Обезбедуваме снабдување со гас од две места, безбедност, евентуално да видиме каде ќе купиме од различни продавачи на гас ќе ни понудат различни цени. И другото е да наплатиме патарина. Така што, може да се исплатат инвестициите во овој систем.“

Патот кон енергетската независност потребно е да продолжи со завршување на проектот за модернизација на РЕК Битола. Оваа централа од јаглен полека ќе преминува на производство на струја од гас, а преку когенерација ќе ја снабдува Битола со топлинска енергија.

„Со ова, кога би се направило во наредните неколку години една таква гасотурбинска комбинирана постројка, тоа е гасно-парно-турбинска когенеративна постројка, ќе се овозможи и релативно побрзо ослободување од користењето на јагленот како основна суровина за создавање на таканаречена базна електрична енергија.“

Инвестирањето во секундарните и терцијалните гасоводни системи, но и инвестиции во уште една државна когенеративна централа во Скопје, ќе значи и заштита на животната средина, намалување на јаглеродниот отпечаток и поголема конкурентност на македонската произведена струја, која ќе се продава на европскиот пазар.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top