Македонија

Одбрана локацијата за националниот дата-центар

Во близина на технолошко-индустриските зони Скопје 1 и 2

Националниот дата-центар најверојатно ќе се гради во близина на двете скопски технолошко-индустриски зони кај Бунарџик, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој посочи дека се работи за парцела на која нема плодно земјиште, но има доволно простор доколку во иднина Владата одлучи да изгради и фотонапонска централа од која податочниот центар би добивал струја.

„Се наоѓа во близина на Скопје, во близина на Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 и 2, се наоѓа во близина на автопат, во близина на оптичка линија, така што најверојатно центарот за податоци ќе биде сместен таму“, рече Андоновски.

Изградбата ќе се финансира со државни пари, но има и 30-процентна грантова компонента. Владата сега има задача да најде меѓународен финансиер. Иако се разговараше со Светска банка, поради некомпатибилност со барањата на ЕУ, таа нема да може да ги обезбеди парите.

„Разговараме со различни финансиери коишто се компатибилни со барањата на Европската Унија за ваков вид проекти. Овој процес е нов и за ЕУ. Планот за раст е една нов механизам којшто тие го користат за финансирање. Така што, тоа ќе бидат некои од меѓународните финансиски институции. Ние имаме добра соработка со голем дел од нив. Не сме имале проекти досега, имаме само еден со кој сме во напредна фаза на дискусија со Банката на Советот на Европа. Така што, разговараме со нив, разговараме со други некои потенцијални финасиери. Ќе видиме во периодот којшто следи од кого ќе добиеме најдобра понуда и кој ќе биде заинтересиран за соработка“, изјави Андоновски.

Националниот центар за податоци ќе чини 20 милиони евра, од кои 30 проценти се за опремата, а останатите 70 проценти за изградбата на објектот. Владата остава простор да бидат потребни и повеќе средства, во зависност од цените на хардверските компоненти.

„Модуларно го планираме проектот да ни дозволи да со реформска агенда плус или со некои проекти го доопремиме. Дали во делот на колокација на опремата на постојните институции или пак употреба на Вештачката интелигенција. Но така ќе биде дизајниран податочниот центар што ќе ни дозволи и надградба на нова инфраструктура кога за тоа ќе има можност. Некои најави од компаниите коишто ги слушам дека цените на хардверската опрема се очекува да стагнираат и да паѓаат во периодот којшто следи. Така што, ќе го искористиме тој период 2027 – 2028 за набавка на опремата“, рече Андоновски.

Македонија во моментов поседува само еден резервен дата-центар во Прилеп, кој е под надлежност на Министерството за внатрешни работи. По изградбата на Националниот дата-центар ќе следи процес на мигрирање на податоците од сите државни институции.

Најнови вести од: Македонија

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална М-услуга и можност за дополнителни попусти

Зголемување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

Муцунски: Непристојно е Бугарија-членка на ЕУ да биде прибежиште за осудени лица, мора да ги почитува врвните европски стандарди за владеење на правото!

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски упати остра порака до официјална Софија во врска со третманот на лицата кои избегале од македонското правосудство, со конкретен осврт на случајот со Ива Михајлова. Тој нагласи дека државите-членки на Европската Унија мора да ги почитуваат врвните европски стандарди за владеење на правото.

Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал

Мицкоски посочи дека наместо најавуваните скандали од опозициската СДСМ, досегашните информации покажуваат дека средствата од унгарскиот кредит биле искористени за поддршка на економијата и на домашното стопанство, а тоа го потврди и извештајот на Државниот завод за ревизија

Петров: За Филипче гласале и мртви – неговиот избор на чело на СДСМ е контроверзен

Нека си даде оставка, нека се избере претседател, нека се кандидира слободно, нема да го изберат без електронски картички ни под разно. Ако му биде кандидат некој од овие столбови на СДСМ што биле со години, теоретски шанси нема

Најнови вести

To top