Македонија

Одбраната ја оспорува темелноста на вештачењето за „Онкологија“

Судењето продолжува на 4 март

На денешното рочиште за случајот „Онкологија“, вештото лице од Словенија, Маја Равник, одговараше на низа вкрстени прашања од одбраната на обвинетите, појаснувајќи дека нејзиниот стручен наод е изготвен исклучиво врз основа на доставената медицинска документација и меѓународните онколошки протоколи. Таа истакна дека сметала дека има целосна документација за секој пациент и дека стручните мислења ги темели на податоците што формално ѝ биле доставени од надлежните органи. Одбраната, од друга страна, настојуваше да покаже дека Равник работела врз можеби нецелосна документација и без да ги земе предвид националните протоколи и реалните услови во македонското здравство.

Сведокот од Словенија, втор ден повеќе од седум часа одговараше на вкрстени прашања од одбраната. – Моите мислења во вештиот наод се врз основа на доставената медицинска документација и европските и светски протоколи за лекување. Моето мислење не го менувам – беше најчест одговор на вештото лице Маја Равнак од медицинскиот факултет Марибор.

На вкрстени прашања од одбраната на второобвинетата Симонида Црвенкова, во врска со тоа дека давала стручно мислење на третманот на повеќе пациенти исклучиво на медицинска документација доставени од надлежниот јавен обвинител, и дали побарала да и биде доставена целосна документацијата за третманот на пациентите, таа одговори дека сметале дека ѝ била врачена целосната документација.

-За целокупната документација, односно за сите случаи побарав оригинална документација за да имам увид во сите документи, кои беа кај секој пациент во папката. Сметам и претпоставувам дека ми е врачена целата документација од одделот каде е воден пациентот и врз основа на таа документација мислам дека можам да дадам стручно мислење – изјави сведокот.

Прашана дали имала предвид дека Црвенкова постапувала по валидни протоколи од Министерството за здравство на Македонија кои важеле во тој период, вештото лице одговори дека се држела до протоколите од европската и светската онколошка стручна јавност.

-Како што досега во текот на излегувањето беше кажано националните препораки се надоврзуваат и на европските и светските протоколи и доколку лековите не се индицирани за определен дел од лекувањето, тоа не можат да го заобиколат ниту националните. Се држев до протоколите од европската и светската онколошка стручна јавност. Како што ми беше посочено сега очигледно е дека протоколите во Македонија последните десет години не се осовременети – рече сведокот.

Во врска со тоа дали во стручниот наод и мислење се земени и докази и наоди од други клиники, таа одговори дека мислењето го дала исклучиво на дадената документација.

-Мислењето можев да го дадам исклучиво на дадената документација која содржеше можеби и прегледи во други установи, како во Македонија, така и други држави, но доколку тие не беа доставени во официјалната документација во однос на тоа не би можела да се изјаснам – рече сведокот.

Прашана дали била запознаена дека третманот на кој се повикува со европските протоколи воопшто не соодветствува со националните препораки и капацитети за лекување на Клиниката и одобрените протоколи за третман од здравствените авторитети на Македонија кои поради недостаток на потребните и скапи терапии лекарите биле принудени да применуваат од достапните и расположливи лекови, вештото лице одговори дека е свесна дека секоја држава има тешкотии со достапноста.

– Националните препораки во секоја држава се потпираат на европските и светски протоколи. Свесна сум дека секоја држава при имплементација на одредени лекови има тешкотии со достапноста бидејќи се работи за исклучително скапи лекови. Затоа во таков случај доколку нема достапни лекови речиси основна должност на онкологот е да овозможи соодветно лекување. Јас не би рекла алтернативно лекување, туку овој друг новодостапен лек мора да биде со индикации за лекување на рак и тоа не ја оправдува употребата на неиндициран лек – изјави сведокот.

Во врска со тоа дали доколку нема соодветни лекови и услови за палијативен третман согласно европските стандарди, нема да му даде на пациентот никаков лек за ублажување на болките, иако знае дека неговото живот е при крај, таа одговори дека палијативната нега и медицина се нешто што треба да го знае секој доктор.

-Жал ми е но морам да кажам дека ова прашање изразува длабоко неразбирање што всушност палијативната третман значи. Тоа прво значи ублажување на болките и може да се користи од прв ден на докажана метастаза и се користат лекови кои ги ублажуваат болките од болеста. Палијативната нега и медицина не се нешто специфично и тоа мора да го владее и знае секој доктор, не само онколог. Да објаснам, ако ве боли глава добивате нешто за главоболка, тоа е палијативна нега. Затоа не зборувам дека кога пациентот е во така тешка состојба да не му дадеме лекови против болка никако, туку да престанеме со лекување што дополнително го влошува квалитетот на животот на пациентот иако знаеме дека нема ефект на самото преживување – рече сведокот.

Претходно Равник одговараше на прашања и од обвинетиот Нино Васев, кој се осврна на тоа дали на вештакот му е познато дека пациент, имал ќерка во Германија и е лекуван по терапија од онколог од Германија, на што сведокот рече не, дека таква информација немало во вештачената документација.

-Од документацијата нема ниту еден запис дека пациентката се води или лекува во друга држава и нема ниту една белешка во документацијата, така што овие информации во примената документација не беа ниту еднаш забележани – изјави сведокот.

Васев, исто така, праша дали вештакот знае дека за пациентка која се лекува на Клиниката за онкологија од 2007 година, во вештачената медицинска документација од нејзиното лекување има документација што почнува од 2015 година, и дали е важно што тој пациент бил на клиниката осум години претходно, сведокот рече дека таа се водела само од добиената документација.

-Мислам дека тој податок не би влијаел на даденото мислење – изјави сведокот.

Вештото лице Маја Равник од Медицинскиот факултет во Марибор, Словенија, и вчера повеќе од осум часа одговараше на вкрстени прашања од одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кои беа во насока на конкретните лекови и дози што се давале и нивната усогласеност со одредени студии и протоколи, но и за тоа какви се националните протоколи, состојбата и достапноста на онколошките лекови, како и за конкретни делови од документацијата врз која го темели своето вештачење за одредени пациенти.

Равник на барање на Обвинителството има направено вештачење на медицинската документација за лекувањето на вкупно 51 пациент на Клиниката за онкологија.

Одговарајќи на прашања на обвинителството, претходно таа истакна дека кај некои од пациентите била воведена имунотерапија, без претходна молекуларна анализа, што, според неа, е несоодветно и довело до прогресија на болеста. Во сведочењето беа наведени и примери во кои пациентите примале лекови што немаат индикации за конкретниот тип на карцином, како и случаи на давање хемотерапија во крајна фаза на болеста.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Ана Гоговска-Јакимовска.

Во согласност со најавената динамика, кон крајот на март ќе треба да се почне со сослушување вешти лица од Србија, кои исто така работеле медицински вештачења за Обвинителството.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози – Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката почна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина и судот ја осуди на две години условна казна затвор.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на здравствената состојба. Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службената положба и за проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

Најнови вести од: Македонија

Весникот „Илинден“, гласникот на Македонците во Албанија – петнаесет години ѕвезда Деница за македонскиот збор

„Петнаесет години истрајност и посветеност – весникот „Илинден“ е жив хроничар на македонската заедница во Албанија, чувар на јазикот и културата и мост што ги поврзува генерациите и дијаспората низ светот. На 1 март 2011 година Македонското друштво ‘Илинден’ – Тирана го издаде првиот број на својот весник ‘Илинден’. Тој прв број, објавен како двоен (март/април), беше симболичен почеток на една медиумска приказна, која денес, петнаесет години подоцна, има 71 издание. Во текот на овие години, весникот не само што обезбеди континуитет и посветеност туку и изгради мостови меѓу заедниците – од Македонците во Албанија, преку читателите во татковината Македонија, па сè до дијаспората низ светот. Секое издание претставува сведоштво за една борба за видливост, за зачувување на јазикот и културата и за афирмација на македонскиот идентитет во услови на постојани предизвици.“ – пишува во статијата, која ја објави денес дневниот весник „Нова Македонија“.

Потпишан договор за изградба на паркинзи во Клиничкиот комплекс – Во првата фаза до втората половина на 2027 најмалку 500 паркинг-места

Министерството за здравство (МЗ) и Град Скопје го потпишаа Договорот за изградба на паркинзи во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Договорот е на 15 години, со 10 отсто закупнина од вкупно остварениот промет. Во првата фаза е предвидена изградба на два современи монтажни паркинга, со најмалку 500 паркинг места, кои се очекува да бидат ставени во функција до втората половина на наредната година. Паркинзите ќе бидат, пред се, наменети за пациентите и за вработените во Клиничкиот центар. Планирано е едниот паркинг да биде кај Клиниката за гинекологија, а вториот кај црквата во Клинички. Како што најавија министерот за здравство Азир Алиу и градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски пред потпишувањето на Договорот, ако има потреба, ќе биде изграден и трет монтажен паркинг. Ако се утврди дека капацитетите овозможуваат да се паркираат и приватни лица, ќе се овозможи и тоа.

Се возобновува Средното полициско училиште, ќе се запишат 200 ученици! – На 1.7.2026 јавен повик за прием на ученици

Околу двесте ученици ќе се примаат во првата, односно 25 класа на новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија, за кое јавниот повик за учебната 2026/2027 година се очекува околу 1 јули. Со него ќе се возобнови средното полициско образование по пауза од 26 години, односно од завршувањето на последната генерација (1996-2000) пред укинувањето на тогашниот Центар за образование на кадри од областа на безбедноста (ЦОКОБ) „Елисие Поповски-Марко“.

Протест на ОМД кон Бугарија: Ако е закана Менкиноски, кој ги брани правата на Македонците пред ЕСЧК, тогаш сите сме закана!

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со седиште во Вашингтон, САД, изразува сериозна загриженост и протест поради одлуката на бугарските власти со која на адвокатот Тони Менкиноски му се изрекува 10-годишна забрана за влез во Бугарија.

Амбициозна најава на Трајановски: По нов асфалт од Извор преку Пресека до Врбјани – пред Велигден!

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, КоцеТрајановски најави дека планира да се вози по нов асфалт пред велигденските празници од селото Извор преку превојот Пресека.

To top