Македонија

Оддадена почит на загинатите припадници на ЕБР

Директорот на БЈБ, Јанев, положи цвеќе пред споменикот и го отвори меморијалниот турнир во чест на паднатите чувари на мирот

Во седиштето на Единицата за брзо разпоредување (ЕБР) во Скопје денеска им беше оддадена почит на нејзините припадници што ги положија своите животи во служба на државата, безбедноста и граѓаните.

Во присуство на нивните семејства пред споменикот подигнат во нивна чест се поклонија и положија цвеќе директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, пратеникот Бојан Стојановски, претставници на синдикатите и колегите од специјалните единици на БЈБ.

„Нивните имиња и нивните дела никогаш нема да бидат избришани од нашата полициска и институционална меморија. Тие остануваат траен симбол на храброст, чест и пожртвуваност. Нивниот живот положен за татковината е аманет за сите нас чесно, одговорно и посветено да ја чуваме безбедноста на граѓаните и интегритетот на државата“, пред присутните истакна директорот на БЈБ, Јанев, додавајќи дека најтешко им е на нивните семејства и нагласувајќи дека „полицијата и раководството секогаш ќе бидат покрај нив, затоа што тие се дел од нашето големо полициско семејство“.

Јанев го отвори и меморијалниот турнир во чест на загинатите припадници на ЕБР, на кој учествуваат 14 екипи од различни организациски единици на полицијата.

„Со спортски дух, со заедништво и со фер-плеј, продолжуваме да го чуваме споменот на луѓето кои не дозволија стравот да биде посилен од должноста. Некои дадоа многу, тие дадоа сè. Полициската професија не е само работа, таа е заклетва. Заклетва дека ќе бидеме тивки чувари на мирот, спокојот и безбедноста на граѓаните и на државата. За тоа сме обучувани, за тоа ја носиме униформата и за тоа сме подготвени да служиме чесно и достоинствено, дури и по цена на сопствениот живот“, порача тој.

Најнови вести од: Македонија

Млади луѓе со години чекаат трансплантација на срце

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

To top