Македонија

Мицкоски: Оддаваме почит за храброста на сите припадници на ЕБР како столб на безбедноста и суверенитетот на државата

„Секогаш и секаде чувајте ги Македонија и македонските граѓани!“ – им порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на сите припадници на Единицата за брзо распоредување, честитајќи им го 23 август, Денот на нејзиното формирање.

 

„Го одбележавме Денот на Единицата за брзо распоредување (ЕБР). Оддаваме почит за посветеноста и храброста на сите припадници на оваа единица, кои се еден од столбовите на заштитата и зачувувањето на безбедноста и суверенитетот на државата. Нивната пожртвуваност и професионализам се пример за сите нас и потсетник дека мирот и безбедноста, што ги уживаме, се резултат на нивната постојана подготвеност и несебична жртва. Благодарност за нивната служба и посветеност кон граѓаните и татковината.“нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во објавата на својот фејсбук-профил. Тој синоќа присусуствуваше на свеченото одбележување на 23 август, Денот на Единицата за брзо распоредување и 24-годишнината од формирањето на оваа елитна единица при Министерството за внатрешни работи.

Свечената церемонија беше одржана на градскиот плоштад во Кавадарци во присуство на неговите граѓани, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и највисокото раководство на МВР, други министри, пратеници, претставници на државни институции и локалната самоуправа, на претставници на полициските синдикати, како и претставници на семејства на загинати и починати припадници на ЕБР. Преку концептот „До вас, за вас“ присутните граѓани можеа да се дружат со полициските службеници од Единицата за брзо распоредување и да се запознаат со опремата, со која работи оваа единица и другите единици на МВР.

Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека овој ден е посветен на сите припадници на Единицата, што денес се во служба, на сите оние, кои низ годините со чест ја носеле униформата, но и на сите херои, кои ги положија своите животи, извршувајќи ја својата службена должност.

Одбележуваме 24 години од формирање на ЕБР, години исполнети со професионализам, пожртвуваност и верност кон државата и граѓаните. Единицата за брзо распоредување низ годините се изгради како современа, добро обучена и доверлива формација. Нејзините припадници постојано ги усовршуваат своите способности и знаења, следејќи ги највисоките полициски стандарди и приспособувајќи се на новите безбедносни предизвици. Тоа што ја прави посебна ЕБР е фактот дека секој нејзин припадник е подготвен да преземе одговорност и да дејствува во најтешките и најопасните ситуации, кога одлуките мора да се донесат за секунди. Во изминатите две и пол децении ЕБР се втемели како симбол на сигурност и брза реакција, како вистински штит на државата и граѓаните.“ – нагласи Тошковски.

Осврнувајќи се на резултатите, кои ги постигна полицијата за една година во борбата со криминалот, корупцијата и за враќање на довербата кај граѓаните, првиот човек на Министерството за внатрешни работи Тошковски укажа дека Единицата за брзо распоредување е вградена во голем дел од позитивните резултати и оти има незаменлива улога во полицискиот систем на работа.

„Разбиени се опасни криминални групи, расветлени се стотици кривични дела. Запленета е дрога, која ќе завршеше кај нашите млади. Спречени се илјадници обиди за нелегален влез во државата, поднесени се десетици пријави за корупција. Дојде време да покажеме дека државата е посилна од кој било криминалец, од која било мрежа, од која било коруптивна структура. Дојде време да си ја вратиме довербата во институциите. Токму во остварувањето на овие цели со гордост можам да кажам дека припадниците на Единицата за брзо распоредување имаа и имаат незаменлива улога. Нашата определба е да изградиме систем, во кој нема да има страв, каде што законите ќе важат еднакво за сите и каде што државата ќе им биде сојузник на граѓаните, а не на криминалците. Ова е борба за иднината на нашата земја, борба за подобра и посигурна држава за сите нас.“ – нагласи министерот Панче Тошковски.

Честитајќи им го на сите припадници на ЕБР Денот на формирањето на Единицата, Тошковски им порача секогаш и секаде да ги да ги чуваат Македонија и македонските граѓани. На сите припадници на ЕБР тој им посака здравје и натамошен успех на професионален и личен план и во насока на мотото на единицата „Секогаш и секаде“. Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев го поздрави концептот „До вас, за вас“, со кој се приближува работата на единицата и полицијата до граѓаните и се гради меѓусебна доверба. На свеченоста беа доделени плакети на најдобрите припадници на единицата за брзо распоредување и за постојана поддршка во напорите за унапредување и осовременување на капацитетите на ЕБР.

Во текот на вчерашниот ден директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР  Александар Јанев, заедно со припадници од Оддделот за специјални полициски операции, положија свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Единицата за брзо распоредување во чест на хероите, кои ги дадоа своите животи, извршувајќи ја најсветата должност – да ги бранат татковината и безбедноста на граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година

Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи.

Мирка Гинова, симболoт на македонскиот идентитет и непокор во Егејска Македонија – 80 години од смртта

На денешен ден, на 26 јули 1946 година е стрелана Мирка Гинова, национален деец и борец за македонската кауза и слобода во Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција. „Мирка Гинова била многу активна во организирањето на отпорот против особено жестокиот терор врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија, спроведуван од грчката десница и грчките државни органи. Секојдневно го организирала македонскиот народ. Со својата активност станала позната во цела Егејска Македонија, но и за грчката полиција, која поради тоа настојувала да ja убие.“ – пишуваат универзитетските професори-историчари д-р Лилјана Пановска и д-р Тодор Чепреганов во своја научна статија. Гинова е првата жена и Македонка, стрелана во Грција од политички причини. Посмртно е прогласена како народен херој од Македонија.

Мицкоски: Опозицијата шири хистерија, Владата остварува резултати – во рекорден рок решен проблемот во Гостивар

Политиката на опозицијата е да конструира лаги и да шират хистерија, а политика на Владата е да остварува резултати. Ние така и ќе продолжиме, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

ВМРО ДПМНЕ: СДС им излегува пресрет на ДУИ и Таравари и не бара одговорност од Валбон Лимани, кој е таму благодарение на нив

„СДС, како и секогаш, така и сега одлучи кризата во Гостивар да ја претвори во игранка за да си собери некој поен плус. Но, никако од СДС да слушнеме да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, кој не се чувствувал виновен за тоа што здравјето на граѓаните е загрозено.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

To top