Македонија

Одделението на Камбовски и Фити во МАНУ ја понижи најстарата македонска високообразовна институција

Навидум малиот скандал во Македонската академија на науките и уметностите носи огромни последици по македонската држава и наука

Predavanje na prof. d-r Najdzel Kruk (Nigel Crook) od Oxford Brooks Univerzitet na tema "MORAL MACHINES: A VIRTUE ETHICS APPROACH TO ETHICAL ROBOT BEHAVIOUR?" vo organizacija na Oddelenieto za prirodno-matematichki i biotehnichki nauki pri MANU.

Одделението за општествени науки при МАНУ каде најистакнати и најмоќни членови се академиците Владо  Камбовски и Таки Фити го понижија Филозофскиот факултет во Скопје која е најстарата македонска високообразовна институција.

Како што вчера објави expres.mk одделението за општествени науки минатата недела на седница не го прифатила предлогот кој го презентирала  академик Вера Битракова Грозданова за нов член на МАНУ да биде избран професорот Драги Митревски.

За предлогот археологот Драги Митревски да стане член на МАНУ гласале само четворица од 8 академици од ова одделение.

Меѓу тие академици кои денеска  контактираа со expres.mk има неколку кои потврдија дека дека гласале за професорот Митревски.

Меѓу нив не се академиците Камбовски и Фити од кои expres.mk чека писмени одговори на испратени прашања до нивните официјални адреси.

Одлуката на четворица членови на одделението за општествени науки при МАНУ да гласаат против изборот на Митревски не е само непочитување на неговата лична и научна позиција како врвен светски научник археолог туку и урнисување на најстарата македонска високо научна институција Филозофскиот факултет во Скопје.

Професорот Драги Митревски за академик согласно конкурсот на МАНУ беше предложен од првиот факултет во Македонија основан пред 105 години во далечната 1920 година.

Одлуката на четворица членови на МАНУ да се блокира Митревски да оди на пленарното гласање е индиректна блокада и на сиот имиџ и научен потенцијал на Филозофскиот факултет во Скопје кој е еден од темелите  на македонската наука.

Народски кажано, одделението каде најмоќни членови се Владо Камбовски и Таки Фити ,,ги згази” професорите и другите соработници на Филозофскиот факултет кои со апсолутно мнозинство застанале зад кандидатурата на Драги Митревски.

Посебно е тажно и неодговорно што четворица членови на МАНУ отидоа контра своите тројца колеги од одделението за општествени науки но и на сите други академици кои досега биле членови на МАНУ а дошле од Филозофскиот факултет.

Да биде трагедијата поголема според извори во академијата и лани МАНУ одбила друг кандидат од Филозофскиот факултет на сличен начин.

За другите државни и идентитетски проблематични аспекти на овој огромен срам на МАНУ на овој ЛИНК.

Фото: Веб сајт на МАНУ

Најнови вести од: Македонија

Ново семејно насилство: Скопјанецот Љ.И. (35) ја претепал сопругата (31) и ја избркал од дома, а четирите деца ги затворил во тоалет!

Вчера, на 2 април 2026 година околу 19 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот сопруг Љ.И.(35) ја заклучил во тоалетот, а по некое време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот.

Кадриу: Да поднесеше Ристоска оставка при примопредавање на прислушкуваните материјали кога ја уриваа државата, ќе ѝ поверував дека е принципиелна!

Адвокатката и поранешна обвинителка Лејла Кадриу реагираше по оставката на обвинителката Ленче Ристоска, оценувајќи дека станува збор за „бегство од одговорност“, а не за принципиелен чин.

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Најнови вести

To top