Македонија

Одложен изборот на нов претседател на Советот на јавни обвинители

Да не биле мета на политички обвинувања во кампања

Залудно поставен параванот и гласачката кутија во Советот на јавни обвинители – каде денеска беше закажано гласање на прв човек на ова судско тело. Поради закажаните локални избори на 19 октовмри – членовите одлучија да го одложат изборот за наследникот на Душица Димитриевски.

„Во оваа ситуација на кампања за локалните избори сметам дека треба да се одложи изборот на претседател. Не сакам да станеме дел од политичката кампања, оти неретко се случува правосудството да биде цел на политички пораки. Затоа предлагам да го одложиме изборот на краток период“, рече членката на Советот, Светлана Стојковиќ.

На седницата едногласно беше одлучено до изборот на нов претседател со Советот на јавни обивнители да раководи актуелниот заменик, Башким Бесими. Актуелната претседателка пак чиј мадант истекува утре – Душица Димитриеска – задоволно од постигнатото во изминатиов двегодишен мандат.

„Од вселувањето во новите простории и уредувањето, што го направивме исклучиво со наши средства, бидејќи немавме помош од други институции. Овој совет успеа да ги надмине ситее забалешки на Европската комисија (ЕК) во однос неговата работа, а тоа подобрување на транспаретноста и образложување на одлучките на Советот, што претходно не беше правено“, рече Димитриеска.

https://expres.mk/makedonija/striko-na-poranashen-minister-od-dui-saka-da-bide-pretsedatel-na-sovetot-na-javni-obviniteli-objavi-plus-info/

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top