Тема: мета

Глобален дефект во Мета ги собори Фејсбук и Инстаграм, во Македонија не може да се користи десктоп верзијата

Им се порачува на корисниците да не ја бришат мобилната апликација и да не го притискаат копчето за најава постојано за да не бидат блокирани под сомнеж за спам. Инженерите на Мета веќе работат на дефектот, а постепено нормализирање на мрежите се очекува во текот на денот.

Повторно работат „Фејсбук“ и „Инстаграм“

Шефот за комуникации на „Мета“, Енди Стоун во објава на Икс вели дека компанијата е свесна за проблемите и работи на нив. Посетителите добиваат порака дека „нешто тргна наопаку“ и дека компанијата „работи на тоа и ќе го поправиме што е можно поскоро“. Апликацијата Месинџер го прикажува статусот „се поврзува“ и испраќањето пораки е целосно оневозможено.

To top