Македонија

Одложени две судски расправи за случајот „Геријатрија”, еден од обвинетите имал здравствени проблеми

Здравствени причини

Поради здравствени причини на еден од осомничените во случајот „Геријатрија“, отповикани се двете главни судски расправи од кои едната требаше да се одржи денеска, а другата на 18 септември, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Одбраната на обвинетиот Блерим Амити, кој се гони за примање награда за противзаконито влијание, доставила до судот медицинска документација оти Амити не може да присуствува на расправите.

Судењето, како што велат од Кривичен, ќе продолжи на следниот утврден термин на 20 октомври.

Во случајот „Геријатрија“ обвинет е и Мухсин Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“-Скопје кој се гони за примање поткуп.

Според обвинителниот акт, Арифи побарал имотна корист од 20 000 евра за да овозможи болнички прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој претходно го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, при што бил фатен на самото место од страна на полицијата.

https://expres.mk/makedonija/eksdirektorot-na-gerijatrija-ne-se-chuvstvuva-za-vinoven-veli-ne-baral-mito-bilo-nedorazbiranje/

На минатото рочиште обвинетите се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата што им се ставаат на товар.

Според обвинителката Искра Хаџи Василева, случајот е пример за длабоко вкоренета корупција во општеството.

Хаџи Василева вели дека станува збор за директно, грубо барање мито од страна на директорот – износ кој бил предмет на преговори, а на крајот бил прифатен како минимален за да се изврши службено дејствие што инаку морало да се изврши без надомест.

Одбраната на обвинетите најави дека во текот на кривичната постапка ќе презентира докази во вид на статут, процедури и законски преку кои ќе бидат отворени неколку правни прашања со цел да се докаже дека Арифи, како и Амити, не можеле, односно немале намера да извршат какво било кривично дело.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) обвинителниот акт го поднесе на 4 јули годинава.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

To top