Македонија

Одлуката на ПССЕ да го затвори постмониторинг дијалогот признание за Македонија, оценува Муцунски

Завршувањето на процесот почнат во 2000 година значаен успех за македонската дипломатија, нагласува министерот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја оцени како признание за Македонија одлуката на Парламентарното собрание на Советот на Европа да го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија отворен во 2000 година.

„Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со нашата земја, процес што беше отворен во 2000 година.

Оваа одлука претставува важно институционално признание за напредокот и посветеноста на државата кон принципите и стандардите на Советот на Европа, како и потврда за остварениот напредок во областите на демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и односите со соседните земји.
Посебна заслуга за успешно заокружување на овој процес има македонската делегација во Парламентарното собрание, предводена од пратениците Марија Петрушевска, Иванка Василевска, Беким Ќоку, Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и Постојаната мисија на државата при Советот на Европа.
Одлуката претставува значаен успех и недвосмислена потврда за посветеноста, професионализмот и ефективноста на македонската дипломатија во унапредувањето и заштитата на темелните европски вредности“, оценува Муцунски.

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top