Македонија

Одвратен говор на омраза кон готвачот што укажа дека каде што се јаде не смее да се пуши

Кога ќе купувате терапија, проверете да не е истечен рокот

Одвратен говор на омраза се случува ма социјалните мрежи кон готвачот Виктор Настески кој што укажа дека во угостителски објекти каде што нема физичко одвојување на пушачите и непушачите а се јаде и пие, не смее да се пуши.

 

 

Давајќи свој став во јавната дебата за предлогот на владата за нови правила за пушење во угостителските локали Настески се соочи со неверојатен говор на омраза во кој се споменуваат и неговите деца.

 

Настески има извонредна кариера како главен шеф на кујна во престижни меѓународни компании и знае како современиот свет го решава проблемот со пушењето но тоа не го спаси од отровни и нечовечки навреди од македонските пушачи.

,,Да ја затвориме темата:

Угостителски објекти каде се служи храна и пијалок, а не можат да обезбедат вистински (а не импровизирани) услови за физичко одвојување на пушачите од непушачите….во таквите објекти мора да има апсолутна забрана за пушење! Чистиот воздух во затворен простор не е желба, туку стандард.

Да легнуваме полека🥳”, напиша Настески по што почна да добива навреди.

 

Дел од “Пушачите” му упатија ѕверски навреди за неговиот став.

“Ку.от ме заболе за тебе и твоите деца”
“Пи*ка ти матер”
“Кој ве е.е седете си дома”
“Децата не си ги сакаш, затоа одиш на брод”
“Е*ати га*от мајчин, итн.”

-Ова се само еден мал дел од коментарите на пушачите!
-Кога напишав немојте да бидете себични, не реков веднаш тоа да го потврдите😀

И кога ќе купувате терапија, проверете да не е истечен рокот🤡”, одговара Настески на злобата со која се соочува.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Мицкоски: Целта е Македонија да биде земја, во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот

„Денеска се одржа церемонија за потпишување на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030 година, со која се потврдува заедничката заложба за унапредување на работничките права, подобрување на работните услови и создавање повеќе можности за економски напредок.“ – објави на својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

To top