Македонија

Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај за 5,5 милиони денари (ВИДЕО)

Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина од над 5,5 милиони денари, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина од над 5,5 милиони денари, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Спасовски спротивно на законските обврски, не донел решение за одземање на овластувањето на фирмата за технички преглед во Сарај, иако надлежната организациска единица доставила предлог за истото. Со ова, над 5,5 милиони денари биле слеани во фирмата со одобрение на Оливер Спасовски, противзаконски.

Што се крие и зошто Спасовски не постапил за одземање на овластувањата на техничкиот преглед во Сарај? Дали зад заштита на Спасовски стои нешто друго?

Колку возила кои ја загрозиле безбедноста во сообраќајот ја поминале контролата на истиот овој технички преглед? И колку од нив немало да поминат на друго место?

Оливер Спасовски ја загрозил безбедноста на илјадници возачи низ државата. Во оваа насока, го повикуваме ЈО веднаш да постапи“, потенцира во изјавата.

„А што се однесува до СДС, наместо оградување и дистанцирање од криминалите на лица како Спасовски, тие повторно ги бранат криминалите на нивните поранешни владини, а сегашни партиски функционери.

Како тргнала работата, во СДС нема еден чесен политичар да остане“, нотира во изјавата Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Најнови вести од: Македонија

Директорка и нејзина колешка со пари од Државна лотарија си купувале чанти „Диор“, „Хермес“, „Луј Витон“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две службени лица вработени во Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела “Проневера во службата” од член 354 од КЗ на РСМ и“Фалсификување или уништување деловни книги” од член 280 од КЗ на РСМ.

(Видео): Околу 25 милиони евра годишно се давале на починати луѓе, обелодени премиерот

Над 4.500 лажни корисници на социјална помош. Мицкоски рече дека на годишно ниво од државниот буџет биле издвојувани повеќе од една милијарда, а можеби и до 1,5 милијарди денари за исплати на вакви корисници или околу 25 милиони евра.

Помалку одење по шалтери, електронски процедури и олеснувања за пациентите – усвоени нови правила за боледувања

Со измените се воведуваат повеќе конкретни олеснувања за осигурениците и матичните лекари, со цел да се намалат непотребните административни постапки и движењето на пациентите низ здравствениот систем.

To top