Македонија

ОМО „Илинден“ – Пирин: Стојан Георгиев-Томовичин го посвети сиот живот да победи правото да биде Македонец – 88 години од раѓањето

На денешен ден, на 18 март пред 88 години се роди Стојан Георгиев – Томовичин, една од најбележитите личности во поновата историја на Пиринска Македонија. Целиот свој живот го посвети, за да победи правото да биде Македонец, но и правата и достоинството на Македонците во Бугарија. Поради ова лежел двапати по 4 години во бугарските затвори во времето на комунизмот. Тој е еден од основачите на ОМО „Илинден“ во 1990 година и нејзин прв претседател. Ова го објави денес ОМО „Илинден“ – Пирин на својот официјален фејсбук-профил.

Во својата објава на општествената мрежа оваа организација на Македонците во Бугарија дополнува: По 1998 година Стојан Георгиев – Томовичин. е почесен претседател на ОМО “Илинден”-ПИРИН до неговата смрт во 2023 г. Во периодот 2006-2007 година е член на Централниот совет на таа партија, а во 2007-2010 год. е нејзин сопретседател. Потоа се повлекува од здравствени причини.

Во една своја статија „од 12 март 2025 година „Македонска нација“ има напишано: Стојан Георгиев е македонски национален деец во Пиринска Македонија, борец за правата на Македонците во Бугарија. Како Македонец бил изложен на бројни полициски испрашувања и малтретирања. Роден е на 18 март 1938 година во градот Петрич, Пиринскиот дел на Македонија. Тој е македонски национален деец во Пиринска Македонија, борец за правата на Македонците во Бугарија. Како Македонец бил изложен на бројни полициски испрашувања и малтретирања.

Потекнува од револуционерно семејство. Неговиот дедо Томо, по кого го добил прекарот Томовичин, како борец за ослободување на Македонија од турското ропство бил затворен пет години во турскиот затвор Еди Куле. И други негови претци умирале за слободата на Македонија. Одејќи по стапките на своите претци, уште како средношколец, на 18 години, создал македонска група, поради што дошол во судир со бугарската власт. Бил држан 18 дена во ќелиите на државната безбедност, по што бил ослободен за да го заврши своето образование. Во 1957 година повторно формирал група, по што повеќе од три месеци бил затворен и подложен на истрага и мачења. Во 1958 година бил осуден на четири години затвор, кои ќе ги помине во Стара Загора, а во 1973 година тој повторно бил затворен четири години.

Во 1990 година, по падот на комунизмот, Стојан бил еден од основачите на ОМО „Илинден“ и бил прв и единствен претседател на Организацијата пред нејзиниот расцеп. И покрај сите закани и застрашувања од страна на бугарските власти, до крајот на својот живот, Стојан активно учествувал во борбата за стекнување права на Македонците во Бугарија. Исто така, на разни меѓународни средби тој го брани правото на Македонците да се стекнат со своите национални права. Автор е на две книги кои раскажуваат за неговиот живот, борба и страдања. Стојан Георгиев почина на 5 јули 2023 година. – има објавено „Македонска нација“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Преносот на останките на Цар Самоил го коментирам преку Бледскиот договор, со кој во Скопје беа донесени посмртните останки на Гоце Делчев

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска предавањето на посмртните останки што се идентификуваат со Цар Самоил, од Грција во Бугарија, се осврна на Бледскиот договор, посочувајќи на историскиот контекст по капитулацијата на фашистичка Бугарија во Втората светска војна и на пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје.

Палангурски: Нема ДНК-анализа и Бугарија не знае со сигурност дали се од Самоил коските, што ќе ги добие!

Бугарија не направи ДНК-анализа на посмртните останки што ќе бидат донесени во Бугарија за да се потврди дали му припаѓаат на цар Самуил, а целата акција не беше добро подготвена, ниту пак е направен каталог и студија за артефактите што ќе ѝ бидат вратени на Грција – рече историчарот проф. Милко Палангурски од Трновскиот Универзитет во емисијата „Здраво, Бугарија“ на бугарската Нова.тв.

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни повеќе од седум милиони евра

Во Општина Струмица преку Министерството за транспорт во тек е реализација на инфраструктурни проекти во вредност од над седум милиони евра, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средба со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов.

Албанскиот национален симбол – двоглавиот орел повторно поставен на Кораб, македонското знаме отстрането!

Двоглавиот албански орел повторно е поставен на врвот Кораб, додека македонското знаме, кое во меѓувреме било поставено на локацијата, е отстрането, објави порталот на албански јазик „Коха“. Порталот објави и снимки од локацијата, наведувајќи дека симболот бил вратен откако пред неколку дена бил отстранет.

Најнови вести

To top