Македонија

Онкологот Ристески: Никотинските лепенки не лечат рак, не слушајте глупости по интернет, напротив – го штитат ракот

Неговата реакција доаѓа по „поплавата“ од многуте рилсови на социјалните платформи

Реномираниот онколог д-р Милан Ристески предупредува на невистинитоста на содржини во кусите видеа коишто се шират на социјалните мрежи, а се однесуваат на канцерот и наводната лековитост на никотинските лепенки.

-Повторна реакција за идиотските рилсови на ФБ – Никотинот лечел рак! Џабе пријава, ова Мета стана ѓубриште на глупости! Еве ви ја вистината: Никотинот не лечи рак; напротив, ги штити клетките на ракот од смрт, потенцијално намалувајќи ја ефикасноста и на имунотерапијата, таргет терапијата, хемотерапијата и радиотерапијата, а и го стимулира растот на туморот и туморската ангиогенеза – создавањето на туморски крвни садови кои го хранат ракот! Никотинот ги активира сигналните патишта (PI3K) кои ги штитат клетките на ракот, особено ако има мутација во тој сигнален пат, а во најголемиот дел од туморите има баш таму мутациии – вели д-р Ристески.

-Никотинот го зголемува факторот 1-алфа индуциран од хипоксија (HIF-1), што им помага на клетките на ракот да преживеат во средини со ниско ниво на кислород кои го поттикнуваат туморот. Никотинот ја спречува апоптозата (програмирана клеточна смрт) кај клетките на ракот на дебелото црево третирани со 5-флуороурацил и иринотекан! Ве молам, бидете внимателни со неконтролираните глупости кои излегуваат на ФБ – стои во реакцијата на д-р Ристески.

Неговата реакција доаѓа по „поплавата“ од многуте рилсови на социјалните платформи објавени од извесен Брајан Ардис, кој се претставува како доктор а е лиценциран киропрактичар, нутриционист, кој применува и акупунктура и кој тврди дека со никотонски лепенки се лечи се – од канцер, до автоимуни болести и воопшто сите воспаленија.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top