Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Скопје е ослободено! Не победив само јас, Скопје победи! Победи народот, кој никогаш не се откажува!

„Влегуваме во ново време, во време на работа и на дела, не на изговори. Ние нема да застанеме додека секој човек не се чувствува горд, што живее во своето Скопје.“ – порача преку општествената мрежа фејсбук новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

„Скопје е ослободено! Вечерва, не победив само јас. Победивте вие. Скопје победи! Победи идејата дека Скопје, овој град може да стане место на достоинство, ред и иднина. Победи народот, кој реши да се спротивстави на неправдата, нашиот горд народ кој никогаш не се откажува!“ – нагласи вчеравечер Орце Ѓорѓиевски.

Од обработени 94,03 проценти од гласовите за градоначалник на Град Скопје во вториот круг, според податоците објавени на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК), кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Орце Ѓорѓиевски има 90 206 гласови или 57,69 процент од вкупниот број гласови, наспроти кандидатот на Левица Амар Мециновиќ со 56 706 гласови или 36,26 проценти од вкупниот број гласови.

Toj симболично помина под Триумфалната порта каде што беше пречекан од бројни поддржувачи.

Во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ веќе се прослави победата на Ѓорѓиевски.

На својот фејсбук-профил новиот „татко“ на македонската метропола Скопје Орце Ѓорѓиевски, исто така, напиша: Ја славиме победата на духот над безнадежноста, на храброста, на народот над оние што го потценуваа, кои сега ги пративме во историјата. Но нашата борба не завршува тука. Само што почнува. Влегуваме во ново време, време на работа и на дела, не на изговори. Ние нема да застанеме додека секој човек не се чувствува горд што живее во своето Скопје.

Секоја улица, секој плоштад, секој дом во овој град бара работа, ред и правда. И токму тоа ќе му го дадеме. Ќе се борам. Ќе се бориме. Секој ден, со сета сила. Ќе се борам против небрежноста, против хаосот, безредието и рамнодушноста која му ја оставија на овој град. Ќе се борам за секое дете што заслужува подобра иднина, за секој човек, што бара достоинство. Им благодарам на сите кои стоеја со мене – моето семејство на кое многу му должам, мојот тим и сите вие! Најмногу му благодарам на премиерот Hristijan Mickoski, мојот најсилен столб! Ви се поклонувам!

Ќе завршам со една моќна мисла на големиот Винстон Черчил: ,,Историјата ќе биде наклонета кон нас, затоа што ние имаме намера да ја напишеме.” Да живее Скопје! Да живее идејата дека најдоброто допрва доаѓа! – порача новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски преку општествената мрежа.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top