Македонија

Организирале борба со кучиња, приведени шест лица

„Лицата се приведени во полициската станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од СПБ Куманово

 

Шест лица се приведени од полицијата за организирање борба со кучиња во кумановско, соопшти денес Секторот за внатрешни работи Куманово.

„Полициски службеници од СПБ Куманово ги приведоа С.Р. (34), А.М. (31), А.М. (27), Ј.К. (38), сите од тетовскиот регион, како и С.А. (40) од село Черкез, Кумановско, и Н.М. (62) од Гостивар за организирање борба со кучиња во кумановско.

„Тие се приведени во полициската станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од СПБ Куманово.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top