Македонија

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на сите пешачки патеки, заради побезбеден и поуреден јавен простор за граѓаните на Скопје!

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски објави дека од денес е започната широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел да има побезбеден, поуреден и посовремен јавен простор за сите граѓани.

На својот фејсбук профил Ѓорѓиевски истакнува: Целосна реконструкција на пешачките патеки: денес започнавме широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и помодерен јавен простор за сите граѓани. Активностите стартуваа на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од мостот „Обединети нации“ до пешачкиот мост „Влае“, во површина од 1200 метри квадратни.

Оваа делница добива целосно нов лик – пешачка патека со ширина од 4 метри, комплетно реконструирана и современо уредена, со нова подлога, подобрена пристапност, уредени рабници и зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот. Важно е да се напомене дека токму оваа патека беше една од најбараните од граѓаните, имајќи предвид дека станува збор за исклучително фреквентна зона која со години беше во сериозно лоша состојба.
Со оваа интервенција, конечно ставаме крај на сликите на запуштеност и небезбедност.

Ваквите слики стануваат минато. Продолжуваме со интензивна реконструкција на пешачките патеки и велосипедската инфраструктура, но и со изградба на нови современи решенија, затоа што скопјани заслужуваат функционален, уреден и европски град, што ги става луѓето и нивното секојдневие на прво место. – порача градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски преку општествената мрежа.


Најнови вести од: Македонија

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Ѓула Челику: Длабока е болката кога Албанците од „РСМ“ се етикетираат како Македонци, не треба да ја забораваат Албанија без оглед каде живеат!

„Длабока е болката кога Албанците од С.Македонија се етикетираат како Македонци, како да е нашиот национален идентитет административен избор, или прашање, кое другите можат да го одлучат за нас. Но, болката станува уште поголема кога ова негирање е прифатено, поддржано или промовирано од оние, кои треба да го бранат албанството!“ – пишува Ѓула Челику во својата колумна со наслов „Да бидеш Албанка од С.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ од Скопје. Ѓула Челику е доктор по политички науки, професорка во државниот универзитет во Тетово, основач и претседател на политичката партија Европско граѓанско движење во Република Македонија

To top