Македонија

Османи: Чаир има надеж за промена – ВЛЕН: Сѐ што нудеше беше дипломатија со селфи, ништо за Чаир

Откако неговото име беше официјализирано како кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи утрово објави видео на социјалните мрежи во кое рече дека не може да ги скрие емоциите. „Добро утро Чаир, 6 часот е и ова е првиот ден кога се будам како официјален кандидат за градоначалник на општината и не можам […]

Откако неговото име беше официјализирано како кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи утрово објави видео на социјалните мрежи во кое рече дека не може да ги скрие емоциите.

„Добро утро Чаир, 6 часот е и ова е првиот ден кога се будам како официјален кандидат за градоначалник на општината и не можам да скријам дека емоциите се големи. Синоќа телефонот не престана да ѕвони, пораки со честитки, повици. Од стари пријатели, од луѓе кои никогаш не сум ги сретнал. Но едно нешто ми остави впечаток. Во секој глас забележав надеж дека Чаир може да се промени, дека заедно можеме да ја извлечеме општината од оваа состојба“, изјави Бујар Османи, кандидат на ДУИ за Чаир.

На неговата кандидатура реагираше коалицијата ВЛЕН, од каде што велат дека Османи на Албанците им понудил само „дипломатија со селфи“, блокирани европски интеграции и маркетинг за себе.

„Бујар Османи изгледа посреќен меѓу српските дипломати отколку со своите сограѓани од Чаир. Не им помогнал на никого, не бил присутен покрај никого во Чаир, не одговорил на никого на телефон. Во Чаир не помогнал за ниту едно ново училиште, не бил присутен кога се градеа улици и булевари, ниту кога се правеа градинки и детски игралишта“, велат од ВЛЕН.

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година

Ифтарска вечера организирана од Владата, за Мицкоски момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

(Фото): Катни гаражи, кружен тек, инвестиции во Скопје – градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, овие средства се обезбедени како резултат на подобрата наплата и се резултат на домаќинско и одговорно работење, без ново задолжување

Дури 11 пријави за семејно насилство за само еден ден – што им се врти во умот на сторителите?!

Полицијата интервенирала во повеќе градови по серија пријави за семејно насилство и закани меѓу роднини и партнери. Четири лица биле приведени, двајца биле повикани на службен разговор, а за сите 11 случаи се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. По целосното документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Кому му сметаат лекарите: Над 70% од нив се соочиле со напади на работното место

Закани, навреди, а некогаш и физички напади – нешто повеќе од 70% од лекарите во земјава се соочиле со насилство на работното место. Лекарската комора бара брза разрешница на секој инцидент. Оттаму реагираат на бавното инситутиционално постапување, што ги обесхрабрува лекарите да пријавуваат.

To top