Македонија

Османи: ДУИ со отворени листи на следните парламентарни

Бујар Османи, денеска на својот Фејсбук-профил најави дека за следните парламентарни избори неговата партија ќе предложи отворени листи. „Граѓаните мора да имаат право да изберат не само партија, туку и кандидатот што ќе ги претставува“, напиша екс-министерот за надворешни работи и потпретседател на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Изјавата на Османи доаѓа откако  се актуелизираше […]

Бујар Османи, денеска на својот Фејсбук-профил најави дека за следните парламентарни избори неговата партија ќе предложи отворени листи.

„Граѓаните мора да имаат право да изберат не само партија, туку и кандидатот што ќе ги претставува“, напиша екс-министерот за надворешни работи и потпретседател на Демократската унија за интеграција (ДУИ),

Изјавата на Османи доаѓа откако  се актуелизираше идејата за една изборна единица, односно по најавите дека ЛДП и Демократски сојуз ќе поднесат предлог-закон за воведување една изборна единица и отворени листи.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржат една изборна единица во која право на глас ќе има и дијаспората.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

To top