Македонија

Османи ќе се „жали“ во ЕУ за „влошувањето на меѓуетничките односи и кршењето на Охридскиот договор“, но и за евроинтеграцијата

„Потпретседателот на ДУИ Бујар Османи е во дводневна работна посета на Брисел, каде што ќе оствари серија средби со претставници на Европската комисија, Службата за надворешни работи на ЕУ, како и со европратеници. Според најавата, во центарот на вниманието на овие средби ќе бидат прашања поврзани со европската перспектива на земјата, забрзувањето на евроинтеграцијата и актуелните политички предизвици.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

Во информацијата агенцијата наведува: Се очекува посебна нагласка да се стави и на неодамнешните случувања во земјата: „влошувањето на меѓуетничките односи и загриженоста поради кршењето на фундаменталните принципи на Охридскиот договор“.

Посетата на Османи на Брисел доаѓа во чувствителен политички период, кога европската интеграција и меѓуетничката стабилност остануваат меѓу главните приоритети за иднината на земјата, посочува ИНА.

Најнови вести од: Македонија

Ахмети: Балканските криминалци соработуваат, но не и политичарите

„Трагедијата е во тоа што народите и политичарите кои ги претставуваат – и Македонците, и Албанците, и Србите – не успеваат да соработуваат за да изградат мирен Балкан и посигурна иднина за сите нас“, вели лидерот на ДУИ

Аларм: Секое 10-то дете во Македонија изложено на сексуална злоупотреба на интернет

Секое десетто дете во Македонија на возраст од 12 до 17 години коешто користело интернет било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба. Станува збор за околу 12.000 деца, бројка што ја потврдува и последното истражување на УНИЦЕФ.

(Видео): Проблемот со кравите во Крива Паланка стигна до Обвинителството – Општината поднесе кривични пријави

Крива Паланка, заедно со жителите од засегнатите села, поднесоа неколку кривични пријави до Обвинителството поради институционално непостапување по извршни решенија за одземање на добитокот што слободно шета во градот и пошироко.

To top