Македонија

Османи смета дека како „господар на Македонија“ имал право да преговара со Бугарија за македонскиот идентитет, бидејќи „Собранието му дало министерски мандат за тоа“?!

Бујар Османи изнесе дрска лага во ТВ А 2 ЦНН во Албанија, тврдејќи дека Христијан Мицкоски му забележувал дека „немал право да преговара за идентитетот на државата“. Македонскиот премиер Мицкоски не споменал некаков „идентитет на државата“, туку јасно и гласно го прашал Османи кој му дал право да преговара со Бугарија за македонскиот идентитет негов и на македонскиот народ, кој му дал право да прави трговија со македонскиот идентитет.

„Потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи на С.Македонија Бујар Османи во емисијата ‘На секој агол’ на ТВ А2 ЦНН од Албанија зборуваше за најновите политички случувања во неговата земја и подготовките за локалните избори, Според него, овие избори се сметаат како референдум, бидејќи, како што изјави, ‘со месеци веќе постои стратегија за исклучување на Албанците.“ – пренесе информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Македонија.

Агенцијата наведува: Османи вели дека и премиерот Мицкоски користи неприфатливи тонови кон него, велејќи како е можно Албанец да преговарал со Бугарија за идентитетот на државата.

 

Потоа ја цитира изјавата, која ја даде Бујар Османи за А2 ЦНН од Албанија во овој контекст: „Би сакал овие избори да бидат локални, но тие се претворија во референдум: дали Албанците ќе се покорат, или ќе им се вратат на принципите на Охридскиот договор. Овие принципи нè дефинираа како господари во нашата земја. Постои стратегија на исклучување на Албанците, за да се чувствуваат како кираџии во сопствената куќа. Премиерот зборува конкретно за мене и вели како може Албанец да одлучува за идентитетот на државата, да преговара со Бугарија, како да сум јас граѓанин од втор ред дури и кога сум министер за надворешни работи. Иако ве избира Парламентот, вие немате право да преговарате во име на државата. Ова предизвика Албанците да се чувствуваат исклучени и потценети.“

Најнови вести од: Македонија

Трамп веќе го „стави“ американското знаме на Грендланд и порача: „Нема враќање назад“!

Американскиот претседател Доналд Трамп не отстапува од идејата САД да го преземат Гренланд, додека европските лидери продолжуваат да се спротивставуваат на неговите барања. Тој сподели слика генерирана од вештачка интелигенција од себе заедно со Марко Рубио и Џ.Д. Венс, како го поставуваат американското знаме на Гренланд, со знак на кој пишува „Гренланд – територија на САД – формирана 2026 година“.

Судијата Ристов е во Обвинителството: се бара да оди во куќен притвор, се истражуваат 350-те илјади евра,најдени во ѕид

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го сослуша осомничениот судија Ѓоко Ристов, при што му беа предочени сите досега прибрани докази, врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил кривичните дела, што му се ставаат на товар.

Со традиционалното капење на рибарите во Охрид одбележан празникот Свети Јован Крстител

Десетина граѓани на Охрид, тајфата на Никола Јакимоски, кој вчера го фати Чесниот крст во Охрид, како и неколкумина гости во градот и туристи, денеска во типично зимски амбиент со врнежи од снег, влегоа во студените води на Охридското Езеро. На тој начин тие ја продолжија традицијата на охридските рибари на православниот празник Свети Јован Крстител да се капат во езерото за да го одбележат почетoкот на риболовната сезона.

To top