Македонија

Oсновците од OOУ „Владо Тасевски“ наградени за успешна реализација на меѓународен проект

Општина Карпош

Учениците од 6-а, 7-г, 8-в и 8-г одделение од ООУ „Владо Тасевски“ успешно го реализираа шестмесечниот меѓународен проект „Pen Friends: Sharing Cultures, Building Friendships“, преку платформата eTwinning, за што беа наградени од Европската комисија со престижната ознака „National Quality Label“.

Проектот беше реализиран под менторство на наставничката по англиски јазик Елена Костадиновска, а во него учениците имаа можност да комуницираат и да соработуваат со свои врсници од Турција, Италија и Полска. Преку онлајн средби и различни проектни активности, учениците го унапредија своето знаење и практичната употреба на англискиот јазик, но истовремено се запознаа со историјата, културата, традицијата, гастрономијата и начинот на живот во земјите учеснички. Особено значајна вредност на проектот е можноста учениците да создадат нови пријателства, да разменат искуства и да ја развиваат свеста за различностите и културите на своите врсници од други земји.

Општина Карпош упатува честитки до учениците, наставничката Елена Костадиновска и целиот колектив на ООУ „Владо Тасевски“ за постигнатиот успех и за нивната посветеност кон современо и квалитетно образование.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top