Македонија

Осомничено лице за пожарот во Кавадарци е пронајдено и е на распит (ВИДЕО)

Екипите цела ноќ се бореа на тежок терен

Пожарите во Кавадаречко повторно се активирани поради неповолните атмосферски услови и силниот ветер. Полицијата разговара со осомничено лице за подметнување на пожарот. Екипите вложуваат максимални напори за ставање на огнот под контрола и апелираат до граѓаните за претпазливост.

Пожарот во атарот на селото Раец, кој синоќа избувна на пет локации, повторно се разгори поради високите температури и ветрот, соопшти градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев. Тој истакна дека сите расположливи екипи се на терен и работат со полн капацитет за локализирање на стихијата.

Пожарникарите и екипите цела ноќ се бореле со огнот на исклучително непристапен терен. Успеале да ги локализираат жариштата, но временските услови предизвикале ново активирање. Граѓаните се повикуваат да не се движат во загрозените подрачја и веднаш да пријават ако забележат ново жариште или сомнително однесување.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов потврди дека постои осомничено лице за подметнувањето на пожарот.

„Лицето било забележано, потоа побегнало, а подоцна било пронајдено. Полицијата разговара со него“, изјави Ангелов и додаде дека МВР работи на целосно расчистување на случајот.

Тој информираше дека вчера низ државата биле регистрирани околу триесет пожари на отворен простор, од кои голем дел биле предизвикани од човечки фактор.

„Доволна е една искра за да избувне пожар. Казните се високи, а полицијата работи на откривање на сите сторители“, порача Ангелов.

Најнови вести од: Македонија

Ангелов: Сѐ уште има опасна бактерија во водата во Гостивар, предизвикува инфекции на кожата, очите и ушите

„Водата во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и готвење, иако состојбата постепено се подобрува.“ – изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

ВМРО ДПМНЕ: СДС нудат нови идентитетски отстапки и национални предавства, за да бидат донесени на власт од странски агентури, како некогаш Заев!

„СДС на чело со Венко Филипче се препозна самиот дека е талогот кој, како сидро го влече народот во нихилизам (убедување дека нештата немаат никаква цел ниту значење – ред.заб.) и убивање на надежта. Се нудат и договараат да спроведат нови идентитетски отстапки и национални предавства, само за да бидат донесени на власт од странски агентури“ – ги обвинува ВМРО ДПМНЕ лидерот Венко Филипче и неговите сопартијци.

Скандалозно писание на Буџови: „Илинденското“ востание ги штитеше бугарските интереси и беше во спротивност со проектот за создавање обединета Албанија?!

„Илинденското’ востание ги штитеше бугарските интереси. Тоа беше во спротивност со интересите на албанското национално движење и барањата на ‘Албанската Призренска лига’ и ‘Лигата од Пеќ’ за создавање обединета Албанија.“ – ова го наведува косовскиот историчар Јусуф Буџови во неговото противмакедонско писание во вид на некаква колумна. Toa беше објавено „пригодно“ нималку случајно токму вчера, на 2 август, на денот кога македонскиот народ го слави Илинденското востание, еден од најголемите државотворни празници во својата национална и политичка историја. Овие скандалозни наводи на Буџови се не само негов обид да се понижат македонскиот народ и македонската револуционерна борба за слобода, туку и намера да се прикажат како бугарски македонската историја и Илинденското востание – ставови на иста линија како и ставовите на официјална Софија.

„Газдарицата“ на „Камените кукли“ С.Д. (41) од Кратово физички нападнала вчера повеќе посетители на јавната археолошка месност!

Од кумановската полиција информираат дека вчера во 19:30 часот полициските службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода С.Д. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на 2 август околу 18 часот на локалитетот „Куклица“ физички нападнала повеќе лица, кои биле посетители.

Муцунски: Работиме на трајно решение за деблокада на евроинтеграциите, но не по секоја цена!

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски во интервју за Македонската информативна агенција – МИА вели дека се работи на трајно и одржливо решение што ќе го одблокира европскиот пат на Македонија, но не откривајќи повеќе детали.

Најнови вести

To top